Контакт

Спорт

Хоуп Соло: Лекарите ни даваа анти-депресанти како бонбони

Објавено пред

Поранешната голманка на американската фудбалска репрезентација, Хоуп Соло вели дека тимските лекари постојано им давале анти-депресанти („Ксанакс“) додека играше за репрезентацијата со која освои една светска титула и две олимписки злата.

Соло зборуваше за дебатата околу менталното здравје на спортистите по случаите со јапонската тенисерка Наоми Осака (која одби да дава интервјуа за време на Ролан Гарос) и американската гимнастичарка Симон Бајлс (која се откажа од повеќе дисциплини во Токио).

„Луѓето се свесни за маките и притисокот низ кој поминуваат спортистите на највисоко ниво. Мислам дека направивме голем прогрес околу тоа, бидејќи лекарите претходно ни делеа ‘Ксанакс’ како да се бонбони. Тоа беше рутина кога бевме во странство, на пример на Светското првенство во Кина во 2007. Ќе ти тропнат на врата, ќе ти дадат нешто за спиење поради нервите и стресот. Тоа многумина уште не го сфаќаат. Понекогаш е тешко да се смееш пред камери, а тоа се очекува од спортистите“, вели Соло.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ферги беше во право? Роналдо може до хет-трик со Милвол, Меси не

Објавено пред

Сер Алекс Фергусон никогаш не криел дека го смета Кристијано Роналдо за најдобар играч на светот, His Boy, миленик и фаворит. Но, коментарите на легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед повторно добија на сила на социјалните мрежи по разните стартови на Роналдо и неговиот најголем ривал Лео Меси во своите нови клубови.

Додека Роналдо во првите три меча по враќањето на „Олд Трафорд“ постигна четири гола за Јунајтед, предводејќи ги до две победи и еден пораз (во ЛШ), првите три меча на Лео Меси во Пари Сен-Жермен се за заборав – нула голови и контроверзии по лутењето по вчерашната доцна замена. Неговиот тим, пак, стигна до две победи и едно реми во тие три меча.

Во 2015 година Фергусон во разговор со снукер-легендата Џон Перот ги спореди двајцата фудбалери.

„Што кажуваат луѓето кој е најдобриот фудбалер на светот? Многу луѓе со право ќе кажат Меси – не можете да го побиете тоа мислење. Но, Роналдо би можел да игра за Милвол, Квинс Парк Ренџерс, Донкастер Роверс… Кој било тим на светот и да постигне хет-трик. Не сум сигурен дека Меси го може тоа. Тој е фудбалер за Барселона“, изјави тогаш Шкотланѓанецот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Веќе не се недопирливи – Меси и Роналдо сега се само обични фудбалери

Објавено пред

Светскиот фудбал во последните речиси две децении беше во знакот на недопирливите Лионел Меси и Кристијано Роналдо, ѕвезди какви што ретко беа видени во светот на фудбалот, но работите се менуваат.

Во интересен напис на шпанска „Марка“ се посочува дека кон двајцата, конечно, тренерите се однесуваат како кон обични фудбалери откако двајцата беа заменети во ситуација кога нивните тимови беа очајни по гол.

Прво беше ред на Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите, неговата голема сцена – кога Манчестер јунајтед беше израмнет со 1:1 со Јанг бојс, и Оле Гунар Солскјер реши да го изнесе од игра и да го внесе Џеси Лингард. Тој не беше задоволен со оваа одлука и фрустрациите се зголемија кога Лингард направи грешка и му го подари победничкиот гол на Јанг бојс.

Потоа дојде редот на Меси во неделата. Пари Сен-Жермен мора да се врати од гол-негатива против Лион со пеналот на Меси, но кога дојде време за одлука, Маурисио Почетино реши да го повлече поранешниот фудбалер на Барселона и ова се покажа како вистинска одлука откако Мауро Икарди постигна гол за победа во судиското продолжение. Ова беше поконтроверзна одлука бидејќи Меси беше очигледно лут одбивајќи да се ракува со Почетино пред излегувањето од игра.

Меси има 34 години, а Кристијано 36, а исто така сега се во тимови каде што очигледно тие го немаат последниот збор.

Прикажи повеќе...

Спорт

Инсект што пие крв именуван по Симона Халеп!

Објавено пред

Симона Халеп во својата тениска кариера има многу титули, две гренд слем титули и армија навивачи, а сега има и ново достигнување – инсект што цица крв и кој ќе го носи нејзиното име.

Универзитетот за земјоделство и ветерина во Клуж, Романија, објави дека новооктриениот инсект, кој бил откриен во близина на Констанца, југоисточна Романија, ќе го носи нејзиното име. Халеп, која е родена во пристаништето на Црното Море, Коснтанца, го одобрила новото име.

Латинското име на инсектот е phlebotomus simonahalepae и тој бил откриен од истражувачите од Европскиот центар за заштита во Канарауа Феци во близината на бугарската граница, а извештајот бил објавен во август.

„Ова научно откритие го посветуваме на Симона Халеп. Тоа е признание за нејзините перформанси и за славењето на Романија во светот“, изјави координаторот на студијата, професорот Андреј Михаика.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет3 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија7 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија9 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија9 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија11 час

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет12 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија1 ден

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет1 ден

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија1 ден

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија1 ден

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет2 дена

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет2 дена

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа2 дена

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет2 дена

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Досие