Спорт
Хрватките без милост против Србинките, Црна Гора ја исфрли Словенија

По двата „балкански“ дуели во третото коло на Европското првенство во ракомет во Данска и Норвешка, Хрватска не покажа милост кон Србија, стигнувајќи до третата победа во три меча за максимален учинок, додека Црна Гора во директен дуел со тесна 26:25 победа ја елиминираше Словенија.
Хрватките, кои беа апсолутни аутсајдери во групата Ц, претходно стигнаа до изненадувачки победи над светските шампионки Холандија и Унгарија, и сега го обезбедија првото место на табелата и максимални 4 поени во втората фаза со 25:24 победата над Србинките, кои сега ќе мораат да почекаат на мечот Холандија-Унгарија за да видат дали ќе им се приклучат во втората фаза. Во случај Холандија да ја победи Унгарија, Србија е елиминирана.
Србинките одиграа подеднакво со Хрватките во првото полувреме, по што во второто имаа и два гола предност, но потоа дојде фаза во која 10 минути не постигнаа гол, дозволувајќи Хрватска да се одвои. Во финишот на мечот, Србија имаше шанса да избори реми и пласман, меѓутоа никој не презеде одговорност.
Црна Гора пак во директен дуел со 26:25 ја победи Словенија изддржувајќи го камбекот на противничките откако имаа 15:9 предност на полувреме. Јованка Радичевиќ беше најдобрата во мечот со 9 постигнати голови.
ГРУПА А
Црна Гора – Словенија 26:25 (15:9)
Франција – Данска 20.30 ч.
Табела: 1.Данска 4, 2.Франција 4, 3.Црна Гора 2, 4.Словенија 0
ГРУПА Ц
Србија – Хрватска 24:25 (14:14)
Холандија – Унгарија 20.30 ч
Табела: 1.Хрватска 6, 2.Унгарија 2, 3.Србија 2, 4.Холандија 0
WATCH: Ana Debelic steals the ball in the dying seconds and ensures @HRStwitt 🇭🇷 take their third #ehfeuro2020 win 🔥#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/REsfYmtfSj
— EHF EURO (@EHFEURO) December 8, 2020
WATCH: @rssrbije‘s 🇷🇸 Jelena Lavko levels the match – this one is going all the way!#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/JsYhpZUY4B
— EHF EURO (@EHFEURO) December 8, 2020
WATCH: Over the @rukometnisavez 🇲🇪 defence, it’s Tjasa Stanko for @rzs_si 🇸🇮 💪#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/ryKfFv37Sa
— EHF EURO (@EHFEURO) December 8, 2020
WATCH: ✈️ from 9m – Jelena Despotovic soars as @rukometnisavez 🇲🇪 take control#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/tx1Uu1pW6q
— EHF EURO (@EHFEURO) December 8, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баскијците растурија Супер Куп финале Реал – Барса

Атлетик Билбао е екипата која ќе игра финале во Супер Купот на Шпанија откако вечерва тимот од Баскија со 2-1 славеше против Реал Мадрид во полуфиналети и спречи нов голем судир на гигантите.
Играчот на тимот од Билбао, Раул Гарсија е најголемиот виновник што Реал Мадрид нема да ја брани титулата освоена минатата година.
На стадионот „Ла Росаледа“ во Малага Гарсија донесе водство за Атлетик во 18 минута, а 20 минути подоцна истиот играч од пенал ја дуплираше предноста.
Единствено што успеа Реал да направи на овој меч и покрај силниот притисок е да намали на 1-2 преку Бензема во 73 минута.
Во финалето на шпанскиот Супер Куп, Атлетик за противник ќе ја има Барселона.
Спорт
Химки понижен во Истанбул, Алба загуби во Берлин, домашен триумф за Макаби

Кошаркарите на Ефес со високи 39 разлика, 99-60 славеа против руски Химки на отворањето на 20. коло во кошаркарската Евролига. Со тоа турската екипа му го нанесе 11-тиот пораз во низа на рускиот тим, што беше и трета победа во низа за Ефес.
Во домашната екипа Сансли со 19 и Ларкин со 15 поени беа најефикасни, додека кај Химки Џордан Мики имаше 14, а Швед 13 поени.
Кошаркарите на Армани Милано славеа нагости во Берлин, кај Алба со 84-70.
Најефикасен во италијанскиот тим беше Зек Ледеј со 16 поени, додека Пантер и Датоме постигна по 14.
Кај Алба „прва виолина“ беше Ламерс со 18 поени.
Макаби во Тел Авив ја совлада Басконија со 91-82.
Отело Хантер и Елајџ Брајант со по 14 поени го водеа домашниот тим до триумф, а кај гостите од Шпанија Хенри броеше до 19, а Петерс до 18 поени.
Спорт
Египет 2021: „Петлите“ ја средија Норвешка, Португалија подобра од Исланд

Дербито на вториот ден од ракометниот Мундијал во Египет меѓу Франција и Норвешка им припадна на „петлите“ со 28-24. Франција со стартни бодови во групата Е и тоа против директниот конкурент за водечката позиција на табелата.
По израмнетото прво полувреме (13-13), во вториот дел избраниците на селекторот Жил заиграа на повисок степен и покрај феноменалната партија на Сагосен кој постигна 11 гола за Норвешка.
Кај победничката селекција најпрецизен беше Кентин Мае со 9 гола, а по 4 постигнаа Дешат, Нгесан и Ремили. Голманот на Франција, Пардан собра 19 одбрани.
Освен Сагосен, кај Норвешка со по 3 гола беа и Јонгдал, осносно пикерот Мирхол. Во групата Е освен Франција, 2 стартни бода има и Швајцарија која попладнево ја совлада Австрија.
На мечот меѓу Португалија и Исланд решаваа нијанси. Португалија славеше со 25-23 иако во неколку наврати имаше и +5 разлика.
Најпрецизен во португалската селекција беше Соарез со 6 гола, гол помалку имаше Портела, а со 4 погодоци мечот го заврши Гомес.
Кај Исланд во услови кога го немаше Палмарсон најпрецизен беше Елисон, со 6 гола. Во оваа група Ф, по првото коло освен Португалија, со 2 бода е и селекцијата на Алжир по денешниот триумф над Мароко.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира