Спорт
Хрватска ита кон полуфинале и ја „светна“ соблекувалната во Виена (фото)

Хрватската ракометна репрезентација на четирите меча на ЕП има исто толку победи, расположението меѓу „коцкастите“ е на високо ниво, а тоа најдобро се гледа и по нивниот гест по синоќешниот меч против ко-домаќинот Австрија.
Имено, како што може да се види од фотографиите, хрватските ракометари кои сега се на чекор до полуфиналето, по мечот комплетно ја средија соблекувалната во „Штадхале“ и им порачаа на домаќините:
„Фала Австрија, да не се мачите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ. Вардар го освои шестиот Куп во клупската историја, прв по пауза од 18 години.
Вардар до триумфот го предводеше младиот напаѓач Талевски. Ги постигна двата гола во 26. и 48.минута од натпреварот.
Струга имаше свои шанси во ова финале, но не искористи ниту една. Најдобрите не ги искористија Укпа, Радески и Кривањева кога резултатот беше 0:0. Откако Талевски го постигна првиот гол, Доминго ја погоди стативата.
Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски го освои првиот трофеј во Купот, додека неговиот колега Илчо Ѓорѓиоски не успеа да дојде до трофејот во Купот и во своето второ финале.
Вардар со оваа победа избори пласман во квалификациите во Конференциската лига.
Спорт
Ханси Флик го продолжи договорот со Барселона

Барселона официјално објави дека го продолжи договорот со Ханси Флик до јуни 2027 година. Клубот ја потврди веста преку соопштение објавено на социјалните мрежи со наслов „Шоуто мора да продолжи“.
Германскиот тренер, кој првично потпиша до 2026 година кога пристигна во летото 2024 година, сега го продолжи договорот за уште една сезона, без никаква дополнителна опција за продолжување.
Веќе во првата сезона, Флик ја освои тројната домашна круна – Ла Лига, Кралскиот Куп и Шпанскиот Суперкуп.
Одлуката да ја продолжи соработката ја донел на 11 мај, веднаш по последното Ел Класико. Потоа, за време на вечерата со неговиот агент Пини Захави, а потоа и со претседателот на клубот Жоан Лапорт, тој ги финализираше деталите.
Флик, како што рече претходно на прес-конференцијата, лично инсистирал на едногодишен договор.
„Не сум тип на тренер кој сака да потпише тригодишен договор и со тоа да си ја обезбеди иднината. Сакам да работам за најдобриот клуб во светот и мојот начин на размислување е да одам сезона по сезона.“
Таква е ситуацијата сега – имам уште една година од договорот и ако сè оди добро, ќе додадеме уште една. Сакам да ја завршам мојата работа тука на најдобар можен начин“, рече Флик.
По завршувањето на сезоната 2025/2026, двете страни повторно ќе седнат и ќе проценат дали е време за уште едно продолжување на соработката.
Спорт
(Видео) Скандал во режија на навивачите на Црвена звезда – Фрлија топовски напад врз играчите

Неверојатна сцена се случи на крајот од првото полувреме од финалниот натпревар од Купот на Србија помеѓу Војводина и Црвена звезда.
Додека траеше нападот на Војводина, кога шеснаесетникот на Црвена звезда беше полн со фудбалери, експлодираше топовски удар. Колинс Синченџе и Андреј Ѓуриќ паднаа на земја како покосени.
Судијата Павле Илиќ веднаш го прекина натпреварот, а по укажаната медицинска помош и краткиот прекин, натпреварот продолжи.