Спорт
ХУНС ќе го тужи коментаторот кој го навреди Вида

Синдикатот на професионалните фудбалери на Хрватска (ХУНС), со соопштение најави дека со помош на ФИФПро ќе реагира на сите начини за да го заштити Домагој Вида.
Минатата недела коментаторот на холандската телевизија, Сиерд де Вос, со непримерни зборов го претстави Вида.
„Вида не смее да игра во овој термин, многу е грд, а сега и децата гледаат телевизија. За да може Вида да игра, Бешикташ мораше да плати и да бара посебна дозвола“, рекол Де Вос.
„ХУНС е во контакт со ФИФПро, ќе ги преземе сите правни чекори за да го заштити својот член, но и останатите фудбалери од вакви непримерни коментари. Срамно, непрофесионално и непримерно е на овој начин да се користи јавниот простор“, стои во соопштението на ХУНС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФК Работнички се гордее со академијата: 16 фудбалери се дел од националните селекции на Македонија

Пауза во првенството поради настапот на репрезентацијата на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024. Фудбалскиот клуб Работнички истакна дека е горд што има претставник во А-тимот, преку голманот Игор Алексовски, а во моментот има дури 16 фудбалери од различни возрасни категории кои се дел од националните селекции на Македонија.
Во составот на Драги Канатларовски во репрезентацијата на Македонија до 21 година, Работнички е претставен од капитенот Димитар Тодоровски, Стефан Деспотовски и Матеј Ангелов.
Во моментот повикани се и поголем број фудбалери во селекциите на Македонија до 18, 17 и 16 години.
„Секако дека сме горди на оваа голема бројка репрезентативци. Работнички отсекогаш бил расадник на фудбалери кои играле во националните селекции, и сега во А-тимот има многу интернационалци кои во минатото беа дел од клубот, а наша посебна гордост е младинската академија која редовно ‘произведува’ нови репрезентативци“, изјави шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски за официјалниот сајт на клубот.
Спорт
УЕФА им забрани, но Унгарците ќе дозволат знамиња на Голема Унгарија на трибините

УЕФА им забрани на унгарските навивачи да носат знаме и ознаки на Голема Унгарија, поранешната државна творба која заедно со Унгарија вклучуваше делови од Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка, Романија и Украина. Сепак, унгарскиот фудбалски сојуз тврди дека Европската фудбалска организација нема право да им забрани да ги носат тие симболи на натпреварите и дека нивните навивачи, доколку сакаат, можат да продолжат да ги истакнуваат.
„Се работи за историската карта на Унгарија која едноставно беше погрешно протолкувана. Има несигурности и недоразбирања за тие симболи, а за сѐ се виновни медиумите. Затоа сметаме дека е потребно да го повториме нашето објаснување. Одлуката да ги носиме тие знамиња ја донесе нашата федерација, која ќе дозволи нивен влез на стадионите во следните два натпревари. Романскиот фудбалски сојуз очигледно погрешно ги протолкувал тие симболи. Продолжуваме да се бориме против сите форми на расизам и дискриминација, но знамињата ќе ги дозволиме и за тоа не треба да не обвинуваат за расизам“, се вели во соопштението на Унгарскиот фудбалски сојуз.
УЕФА објави дека ќе ги казни Унгарците ако на трибините има знамиња на Голема Унгарија.
The Romanian Football Federation contradicts the Hungarian one and says that UEFA did not authorize the use of flags with Great Hungary pic.twitter.com/PqMOJhRzHy
— RoINTEL (@RoINTEL) March 22, 2023
Домашен
Македонскиот скијач Виктор Петков освои сребро на меѓународен натпревар во Србија

Mакедонскиот скијач, Виктор Петков освои второ место во дисциплината велеслалом, како и четврто и петто место во двете слалом трки на Државното првенство на Србија, каде што учествуваа скијачи од седум држави.
23-годишнит Петков, е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар.
На 20 и 21 март на Копаоник, Република Србија се одржа Државното првенство на Србија во скијање, во дисциплините слалом и велеслалом каде учествуваа 57 натпреварувачи од 9 земји.