Спорт
И Клоп го откри составот за големото финале
Еден час пред почетокот на финалето во Лигата на шампионите, Јирген Клоп го откри почетниот состав.
Германецот имаше само една дилема, дали да почне со Тијаго Алкантара или со Наби Кеита. Сепак Бразилецот со шпански пасош успеа да се рехабилитира од повредата и тој ќе биде во редот за врска, заедно со капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо.
Ливерпул вечера, во Париз, се бори за седмата титула во Купот/Лигата на шампионите.
Here's how we line up for the #UCLfinal
??
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер Јунајтед нема да му дозволи на Роналдо да замине

Манчестер Јунајтед нема да му дозволи на Кристијано Роналдо да замине од „Олд Трафорд“ ова лето. Португалскиот ас очајно сака да игра во клуб што ќе настапува во Лигата на шампионите, а „црвените ѓаволи“ тоа не можат да му го понудат.
Сепак, Роналдо има уште една година од договорот, а новиот менаџер Ерик тен Хаг му објаснил дека е клучен играч во неговиот тим за претстојната сезона и очекува да остане.
Роналдо од 2003 година со своите клубови настапувал во Лигата на шампионите и сака да продолжи да биде дел од елитното натпреварување. Тој се чувствува способен да игра најмалку уште две сезони и сака да забележи рекорди што долго време нема да бидат урнати.
Спорт
Манчестер Сити тргнува по Серж Гнабри

Англискиот првак Манчестер Сити летово се засили со Ерлинг Халанд, при крај е трансферот и на Калвин Филипс, но тоа не значи дека „граѓаните“ завршиле со шопинг.
Клубот од Манчестер го доведе и Хулијан Алварез од Ривер Плата и резервниот голман Ортега Морено од Арминија, но подготвува уште еден голем удар за Бундеслигата.
Манчестер Сити ќе ги вложи парите во играчот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, доколку успее да го реализира трансферот на Рахим Стерлинг во Челси.
Германецот дел од кариерата ја мина во Англија каде настапуваше за Арсенал и за Вест Бромвич Албион, но сега би се вратил во Премиерлигата како целосно етаблиран фудбалер и еден од клучните играчи на германската репрезентација.
Преговорите меѓу Гнабри и Баерн моментално се во мирување, многу клубови сакаат да го искористат тоа, особено од Островот, бидејќи за напаѓачот покрај Сити интерес покажаа и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Спорт
Вардар се засили со Филип Јаневски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доведе уште едно засилување. Нов фудбалер на „црвено-црните“ е Филип Јаневски, досегашниот играч на ФК Скопје. Тој потпиша двегодишен договор со раководството на Вардар и треба да биде значајно засилување за тимот на Бобан Грнчаров.
Вардарци претходно ги донесоа Дарио Десниќ, Јован Попзлатанов и Симеон Христов.
Вардар и следната сезона ќе има мисија да се врати во прволигашка конкуренција.