Спорт
Ливерпул ќе се обиде да ги „украде“ Гави од Барселона

Фабрицио Романо на почетокот на овој месец објави дека Барселона договорила речиси сè со големиот талент Гави и дека наскоро ќе фудбалерот ќе го продолжи договорот истекува наредното лето.
Во договорот на Гави, Барса треба да стави клаузула за откуп од 1.000.000.000 евра. Не е познато зошто договорот се уште не е потпишан. Ваквиот развој на настаните се обидува да го искористи Ливерпул.
Според сегашната клаузула, тоа може да го направи со уплата од 50.000.000 евра,
Менаџерот на Гави, поранешниот играч на Барселона Иван де ла Пења, потврдил дека се уште нема официјална понуда за продолжување на договорот.
17-годишното чудо од дете оваа сезона одигра 47 натпревари за клубот во сите натпреварувања. Тој постигна два гола во првенството и има шест асистенции, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 60.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејан Георгиевски поради стомачен вирус остана со бронзен медал на Медитеранските игри

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски поради дехидрираност и болест, односно стомачен вирус, остана со бронзен медал и се повлече од битката во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран, Алжир.
Тој важеше за еден од најголемите фаворити за златното одличје, но на крајот мораше да се задоволи и со бронзен медал.
Георгиевски во првото коло беше слободен, а во второто го победи Ахмад Мохамад од Египет, во категоријата над 80 килограми.
Спорт
Бернардо Силва сака да го напушти Сити и да се пресели во Барселона

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Според каталонскиот медиум „Спорт“, Португалецот го задолжил својот агент Жорге Мендеш да го реализира неговиот трансфер на „Камп Ноу“ ова лето.
Бернардо Силва разговарал и со менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, и нему му ја открил својата намера.
Барселона исто така многу го сака Бернардо Силва во своите редови, но свесни се дека таков трансфер нема да биде нималку лесна задача. Фудбалерот од средниот ред има договор со Сити до 2025 година, а минатата сезона беше клучен играч во селекцијата на Гвардиола, одигра дури 50 официјални натпревари, постигна 13 гола и имаше седум асистенции.
Манчестер Сити сака отштета од 100 милиони евра за 27-годишниот Бернардо Силва. Каталонците се надеваат дека ќе можат да ја спуштат цената на околу 60 милиони евра. Пресврт може да биде и евентуалниот трансфер на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед.
Спорт
Саинц триумфираше на Силверстоун, Хамилтон избори место на подиумот

Карлос Саинц е победник на драматичната трка за Големата награда на Британија на Силверстоун. Пилотот на Ферари ја забележа првата победа во кариерата. Саинц ја искористи пол – позицијата за која се избори вчера. Тој е 112. возач кој влегува во списокот победници во Формула 1.
Серхио Перез заврши на втората позиција, а во неизвесните последни кругови Луис Хамилтон успеа да дојде до третата позиција и до подиумот добивајќи ја битката со Шарл Леклер.
Трката имаше повторен старт откако почна инцидент откако при првиот свиок дојде до троен судир при што болидот на Кинезот Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда. Тимот на Алфа Ромео информираше дека пилотот е во добра состојба.