Спорт
И Зверев потврди – ќе настапи на САД опен
Германскиот тенисер Александер Зверев (23) оди по стапките на поискусниот колега, Новак Ѓоковиќ. Тој денеска потврди дека ќе патува во САД и ќе учествува на Отвореното првенство, грен слемот во Њујорк.
Ова е добра вест за организаторите откако голем дел од познатите тениски имиња во светот ќе го прескокнат Њујорк како потенцијално опасна дестинација за патување, во време кога во САД широко е распространет вирусот Ковид 19.
„Зверев веќе 3 недели се подготвува за настап на најголемите турнири. Во сабота ќе отпатува за САДза да се навикне на условите“ – соопштија од тимот на Германецот.
Организаторите на турнирот ветија безбедност за сите учесници, а наговестија и дека се ќе се одвива по строги протоколи за да се избегнат ризиците поврзани со коронавирусот.
И тенисерите и тенисерките кои ќе настапат на Флешинг Медоуз веруваат дека правилата ќе се почитуваат од сите.
Финансискиот момент е пресуден кај поголемиот дел од играчите, пред се оние послабо рангираните затоа што вонредна ситуација која го зафати целиот свет доведе до финансиски колапс.
САД ќе започне на последниот ден од месецов, а финалето во машка конкуренција е предвидено за на 13 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA
Спорт
Португалец и Аргентинец го засилија нападот на Вест Хем
Вест Хем Јунајтед вложи 50 милиони евра во двајца напаѓачи, во обид да избори опстанок во Премиер лигата. „Чеканите“ се 18-ти на табелата, со 14 поени и само три победи во првите 20 натпревари.
Нови играчи на Вест Хем се Валентин Тати Кастељанос и Пабло Фелипе.
Трансферот на Кастељанос од Лацио ги чини „чеканите“ 29 милиони евра. Овој напаѓач е еден од ретките што испеал против Реал Мадрид да постигне четири гола. Тоа беше во периодот кога играше во Џирона.
Од Џирона се пресели во Лацио, каде не успеа да се наметне. На 98 натпреври за небесносините постигна само 22 гола.
Пабло Фелипе е 22-годишник кој пристигна од редовите на Жил Висенте. Со 10 гола во 13 натпревари, тој ги одведе до четвртото место во лигата, резултат што ги надмина сите очекувања.
Тимот од главниот град на Англија плати 23 милиони евра за португалскиот играч, што е висока цена за некој што постигнал само 15 гола во својата професионална кариера до оваа сезона.
Спорт
Росениор потврди дека е новиот тренер на Челзи
Лиам Розениор ќе стане новиот менаџер на Челзи.
Сега веќе поранешниот тренер на Стразбур, ова го потврди за медиумите, дури и пред официјалното соопштение од „Стемфорд Бриџ“.
„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски шампион и едноставно не можев да ја одбијам. А сега конечно можам да си одам дома, да ги видам моите деца. Жртвував многу за да бидам толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур се најдобриот период од мојата кариера. Во текот на последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав некои неверојатни луѓе и ништо од ова немаше да се случи без напорната работа на сите во клубот. Немав понуда само од Челзи, имаше и други од Лигата на шампионите, но не можев да ја одбијам оваа можност“, подвлече Розениор.
Се очекува новиот менаџер да дебитира за време на викендот во ФА Купот против Чарлтон.
Foto/ EPA

