Спорт
Игуаин ја завршува кариерата?
Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин би можело на крајот на сезоната да ја заврши професионалната кариера иако има само 33 години.
Англиските и американските медиуми пренесуваат дека доколку Интер Мајами го отпушти аргентинскиот ас, тој ќе ја заврши кариерата.
Аргентинецот има уште две години од договорот со клубот од МЛС лигата, но најавите оттаму се дека сакаат да се ослободат од неговите обврски поради високата плата што ја има.
Интер Мајами е во финансиски проблеми, од клубот сакаат да и намалат платите на играчите, а Игуаин заработува 5,7 милиони долари годишно.
Досега, на 35 меча колку што настапи постигна 11 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Стив Кер бара да се намали бројот на натпревари во НБА лигата
Во НБА лигата, од почетокот на сезоната многу се зборува за бројни повреди на најголемите ѕвезди.
Џејсон Тејтум (Бостон), Тајрис Халибартон (Индијана) и Кајри Ирвинг (Далас) претрпеа сериозни повреди од минатата сезона. Во моментов повредени се Јанис Адетокумбо (Милвоки) и Виктор Вембањама (Сан Антонио), а на таа листа им се приклучи Стеф Кари од Голден стејт Вориорс.
Претходно, Џејлен Брансон од Њујорк, Треј Јанг од Атланта и Паоло Банкеро од Орландо имаа помали или малку посериозни повреди оваа сезона. Ова се главните играчи на нивните тимови.
Сето ова го загрижува Стив Кер, тренер на Голден Стејт Вориорс, кој верува дека постои решение за проблемот.
„Секогаш ќе се залагам за помал број натпревари. На играчите би им значело многу да се намалат од 82 на 72 во текот на главниот дел од сезоната. Не е само пренатрупаниот распоред виновен за бројните и чести повреди. Никогаш толку не се трчало во кошарката. Сите играат транзициска кошарка. Ако го комбинираме тоа со играње секоја втора вечер, завршуваме со полни листи на повреди“, рече Кер.
„Понекогаш сме на гостински турнеи повеќе од една недела. Во тие моменти, воопшто немате време за тренинг. Сè се одвива во ритамот од натпревар на натпревар. Ваков систем неводи никаде“, додаде 60-годишниот тренер кој, играјќи за Чикаго и Сан Антонио, беше петкратен шампион во НБА, додека го водеше Голден Стејт до четири титули во НБА како тренер.
Спорт
Јамајка не успеа да го победи Курасао, па остана без селектор
Фудбалската репрезентација на Јамајка, пласман на Мундијалот ќе се обиде да избори преку интерконтинеталниот бараж. Во последното коло, Јамајка на домашен терен против Курасао не успеа да ја обезбеди победа и пласман на СП. Натпреварот во Кингстон заврши без голови и му овозможи на Курасао да се пласира на Мундијалот наредното лето.
И покрај тоа што Јамајка се уште има шанси да се квалификува за Светското првенство преку Интерконтиненталниот бараж, селекторот реши да поднесе оставка.
Веднаш по натпреварот против Курасао, Стив Мекларен поднесе оставка од функцијата.
„Подобро да си одам“, го започна своето обраќање Мекларен и продолжи:
„Во текот на изминатите 18 месеци се посветив на оваа работа. Водењето на овој тим беше една од најголемите почести во мојата кариера.“
Потоа зборуваше за оставката.
„По длабоко размислување и искрена проценка каде сме и каде треба да одиме, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на репрезентација на Јамајка“, рече искусниот тренер и додаде:
„Понекогаш најдоброто нешто што еден лидер може да го направи е да препознае кога е потребен свеж глас, нова енергија и поинаква перспектива за да се движи овој тим напред“.
Што се однесува до Интерконтиненталниот бараж, познати се шесте репрезентации, кои ќе се борат за двете последни места на СП.
Од Азија е Ирак, од Африка ДР Конго, од Океанија Нова Каледонија, од Јужна Америка Боливија, а од Северна и Централна Америка Јамајка и Суринам.
Спорт
(Видео) Џака со жестоки свирежи пречекан Приштина
Фудбалската репрезентација на Швајцарија, во Приштина го потврди пласманот на Светското првенство, во натпревар кој што поскоро ќе сака да го заборави капитенот на тимот, Гранит Џака.
Натпреварот од последното квалификациско коло меѓу Косово и Швајцарија заврши со резултат 1:1, што беше доволно за Швајцарците директно да се квалификуваат на Светското првенство.
Пред почетокот на натпреварот, Гранит Џака доби громогласни свирежи од стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
По натпреварот, Џака влезе во конфликт со таканаречениот водач на навивачите на косовската репрезентација, Лулзим Бериша, за на крајот фудбалерот на Сандерленд да каже колку му бил тежок овој гест на навивачите.
„Овие свирежи болат. Тоа е последното нешто што го очекував, особено тука дома. Но, морам да го прифатам тоа. Вакви работи се случуваат во спортот, барем имам поддршка од навивачите на Швајцарија“, рече Гранит Џака.
Фото/ Принтскрин

