Спорт
Игуаин за пензионирањето: Татко ми погрешно зборуваше, јас ќе одлучам
Напаѓачот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин го демантираше сопствениот татко кој изјави дека Аргентинецот заминува во фудбалска пензија на крајот на сезоната.
Хорхе Игуаин изјави дека по крајот на договорот со Мајами во декември, 34-годишниот Гонзало ќе оди во пензија, иако американскиот клуб има опција да му го продолжи договорот на уште една сезона. Игуаин вели дека неговиот татко погрешно го сфатил.
„Тоа беше лошо разбирање помеѓу мене и него. Никогаш не му кажав дека се пензионирам. Тој згреши што зборуваше и ова е далеку од реалноста. Фокусиран сум на клубот, на мојот договор и кога ќе дојде време за одлука, јас ќе го кажам последниот збор. Секако, блиску сум до времето кога ќе сопрам со фудбалот, но не размислувам за тоа во моментов“, вели популарниот Пипита.
Игуаин дојде во Интер Мајами од Јувентус во септември 2020, и има 44 настапи и 15 гола за клубот кој е во делумна сопственост на Дејвид Бекам. Оваа сезона, тој има два гола во 5 меча. Игуаин во 2007 дојде во Реал Мадрид од Ривер Плата, освојувајќи три титули во Ла лига, по што замина во Наполи, каде што помина три години пред да направи трансфер во Јувентус, кои подоцна го позајмуваа во Челси и Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.