Спорт
Иличиќ потпиша со Марибор
Поранешниот репрезентативец на Словенија, Јосип Иличиќ, кариерата ќе ја продолжи во татковината. Иличиќ по 12 години играње во Италија реши да се врати дома и да потпише за Марибор.
Иличиќ потпишал договор до летото 2025 година.
Иличиќ е голема словенечка ѕвезда, беше еден од најдобрите играчи на Аталанта, а играше и во Палермо и Фиорентина. Зад себе има тежок период, бидејќи падна во тешка депресија по избувнувањето на коронавирусот во Бергамо.
Тој пристигна како слободен играч во Марибор ќе се обиде да се врати во форма и да му помогне на својот клуб во борбата за врвот на табелата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Генерална проба пред Вимблдон
Во последниот меч пред почетокот на третиот Грен слем сезонава, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Русинот Данило Медведев со 6:3, 6:4.
Ѓоковиќ беше многу подобар на мечот против Медведев отколку на мечот против Јаник Синер, каде се пожали дека не може да погоди ниту една дијагонала.
Еден брејк му беше доволен на Србинот за првиот сет.
Новак беше сигурен на својот сервис, доминантен и во долгите и во кратките поени.
Вториот сет беше забележително понеизвесен. Медведев со брејк го отвори сетот, но Новак одговори и израмни на 4:4.
Во следниот гем Ѓоковиќ имаше три врзани брејк топки, а третата успеа да ја претвори во брејк и да дојде до решавачка предност, која ја материјализираше во следниот гем и со тоа го доби овој меч.
Новак во првото коло на Вимблдон ќе игра против Чехот Вито Коприва
Спорт
Најгледаната екипа во Евролигата
Кошаркарите на Партизан повторно се најдоа меѓу најгледаните екипи во Евролигата.
Црно- белите се на врвот по овој параметар, иако во оваа сезона тимот на Жељко Обрадовиќ немаше одлична сезона, тие беа меѓу најпопуларните екипи, ако не и најпопуларна.
Во однос на другите параметри, тие беа на врвот по гледаност, со оглед на бројот на навивачи и бројот на продадени влезници.
Кошаркарскиот клуб повторно покажа дека е една од најпопуларните екипи во најквалитетното натпреварување во Европа.
Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата следната сезона, поточно дали трендот на вакви бројки ќе продолжи да расте.
Спорт
Егото на големиот Роналдо
Португалија очекувано ја помина својата група како првопласирана, доминираше во сите три одиграни натпревари, па дури и успеа да ги одмори најважните играчи пред втората фаза.
Сепак, нешто сè уште не е јасно
Против Чесите победата беше остварена со голем број на прекини, додека поразот од Грузија иако резултатски незначаен, донесе нервоза во португалските редови.
Тоа јасно го покажа Роналдо кога го шутна шишето при замената на крајот од третиот натпревар.
Со оглед на неговиот натпреварувачки дух, беше доволно да започнат приказни за неговото лошо влијание врз репрезентацијата полна со таленти.
Па оттука неговото присуство на теренот често се покажуваше како контрапродуктивно.
Затоа, успехот на Португалија може да зависи и од соработката на Роналдо со тимот, како што беше случајот со третиот гол против Турција, кога тој несебично играше со Фернандез.