Спорт
Има правда! Чеко Перез ќе го замени Албон во Ред бул

Ред бул рејсинг официјално потврди дека Мексиканецот Серхио Перез ќе му биде колега на Макс Ферстапен во 2021 година, а досегашниот возач Алекс Албон ќе ја преземе улогата на резервен возач.
Популарниот Чеко го загуби местото во Рејсинг поинт (кој набргу ќе се преименува во Астон Мартин) откога клубот го договори Себастијан Фетел и тука почна тешката борба за место следната сезона и покрај неговите одлични резултати и првата победа во кариерата. Од друга страна, Албон имаше многу проблеми на патеката во 2020 и сега ќе биде само резерва во тимот, а Перез е еден од ретките возачи надвор од академијата на Ред бул, кој добива место во тимот.
Албон нема да се врати во Алфа таури, каде што следната сезона ќе возат Пјер Гасли и младиот Јапонец Јуки Цунода.
Charging into 2021 with @SChecoPerez! ? #HolaCheco ?? pic.twitter.com/CUE897LBvJ
— Aston Martin Red Bull Racing (@redbullracing) December 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.