Спорт
Инцидент на тренинг на „ракетите“ – Харден гаѓал соиграч со баскетот
На денот кога е предвиден почетокот на новата сезона во НБА лигата, стигна изненадувачка вест поврзана со супер-ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден (31).
„Брадата“ најверојатно сака да го напушти Тексас по 8 години поминати со „ракетите“.
Според пишувањата на американскиот портал „The Athletic”, Харден вчера и завчера имал неколку кавги со своите соиграчи на тренинзите, а во една ситуација дури со баскетот гаѓал еден од своите соиграчи. Наводно, Харден влегол во кавга со дебитантот Џејсон Тејсом (25) па токму во него непрецизно гаѓал со топката.
Харден е познат како рамнодушен тип кој е многу тешко да го „запалите“ до оваа мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гризман и кажа збогум на Франција
Антоан Гризман повеќе нема да игра за француската репрезентација. Еден од најдобрите напаѓачи во својата генерацијата дебитираше за репрезентацијата пред 10 години и за неа одигра 137 натпревари, постигна 44 гола и забележа 38 асистенции. Со Франција освои светско злато (2018) и сребро (2022), европско сребро (2016) и Лигата на нации (2020/21).
„Го затворам ова прекрасно поглавје од мојата кариера. Ви благодарам за спомените“, рече тој.
„После 10 неверојатни години, обележани со предизвици, успеси и незаборавни моменти, време е да ја свртиме страницата и да и отстапиме место на новата генерација. Да го носам овој дрес беше чест и привилегија. Од март 2014 година до минатиот септември имав можност да доживеам неверојатни моменти со исклучителни соиграчи. Споделивме победи кои засекогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања“, додаде Гризман.
Антоан Гризман дебитираше за Франција под водство на Дидие Дешам во март 2014 година, на возраст од 22 години и 11 месеци. Тоа беше на натпреварот против Холандија, кога одигра 68 минути во победата од 2:0. Својот прв гол за Франција го постигна во третиот настап, кога беше стрелец против Парагвај во ремито 1:1.
Во својата клупска кариера, тој одигра најмногу натпревари за Атлетико Мадрид, чиј член е и денес. Со тој клуб најголемиот успех надвор од репрезентацијата го постигна со освојување на Лига Европа. Беше и играч на Барселона и Реал Сосиедад.
Кариерата на Гризман:
Франција – 137 натпревари, 44 гола, 38 асистенции
Атлетико Мадрид – 398 натпревари, 184 гола, 88 асистенции
Реал Сосиедад – 202 натпревари, 52 гола, 18 асистенции
Барселона – 102 натпревари, 35 гола, 17 асистенции.
Спорт
Баерн во Милано најде лев бек
Баерн Минхен се подготвува за летниот преоден рок во 2025 година. Приоритет на Баварците е да донесат лев бек, откако Алфонсо Дејвис ги одби да потпише нов договор. Канаѓанецот како слободен играч ќе го напушти Баерн по завршувањето на сезоната.
Баерн засилувањето на левата бековска позиција го најде во Милано. Според германските медиуми клубот е заинтересиран за фудвбалерите на Интер и Милан, Ди Марко, односно Тео Ернандез. Според овие извори еден од нив наредното лето ќе се пресели во Минхен.
Ди Марко неодамна го продолжи договорот со Интер до 2027 година, додека Ернандез има договор со Милан до 2026.
Наводно за Ди Марко Баерн ќе треба да издвои 50 милиони евра, додека цента на Ернандез изнесува 60 милиони евра.
Спорт
Тен Хаг е сигурен дека нема да добие отказ
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, сигурен е дека нема да добие отказ. Притисоците за неговата смена продолжија и по вчерашното катастрофално издание во дуелот со Тотенхем. На домашен терен Јунајтед доживеаубедлив пораз (0:3).
Манчестер јунајтед вопрвите шест кола во Премиер лигата забележа три порази, со седум бода се наоѓа на 12.место на табелата.
„Не, не размислувам за тоа. Ова чето донесовме заедничка одлука да останеме заедно, а исто така се договоривме дека со целосна анализа ќе утврдиме што можеме да подобриме и како ќе создадеме тим“, рече Тен Хаг на прес-конференцијата по дебаклот од Тотенхем.
Тој се обиде да го оправда лошиот старт на „црвените ѓаволи“ во новата сезона.
„Знаевме дека ќе ни треба време поради тоа како помина нашиот преоден рок. Некои играчи, како (Мануел) Угарте, дојдоа доцна. Исто така, мораме да направиме чекор напред во организацијата поради некои повреди, па ни треба повеќе време”, рече Тен Хаг и повика на колективна одговорност.
„Сите сме на иста страна или на ист брод заедно, сопствениците, струшниот штаб и фудбалерите. Не сум загрижен дека ќе добијам отказ“, јасен е Тен Хаг.
Да потсетиме, Јунајтед во четврток му гостува на Порто во второто коло од Лига Европа.