Спорт
Индијан Велс: Др.Иво испиша историја
Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ се пласира во второто коло на турнирот во Индијан Велс. Во два тај-брејка тој го победи Мет Ебден и стана највозрасниот тенисер што се пласирал во второто коло на турнир од мастерс серијата.
40-годишниот Карловиќ, во свој стил, го победи Ебден. Првиот сет успеа да го однесе во тај-брејк каде на противникот не му даде никаква шанса. Во вториот Ебден имаше предност од брејк, а Карловиќ возврати со ри-брејк, во десеттиот гем, кога неговиот противник сервираше за израмнување на резултатот во сетови.
Зад Карловиќ на оваа листа останаа Џими Конорс, Томи Хас, Радек Штепанек…
Популарниот Др.Иво, во второто коло, за противник ќе го има сонародникот и 11 носител Борна Чориќ.
Now Ivo #Karlovic is the oldest player to have won an #AtpMasters1000 main draw match (the only over 40 y.o.)
Karlovic 40y #IndianWells 2019
Connors 39y 6m Miami 1992
Haas 39y 1m Rome 2017
Stepanek 37y 8m Toronto 2016
Federer 37y 3m Bercy 2018
F. Lopez 37y 1m Bercy 2018— Luca Brancher (@LucaBeck) March 7, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челси го декласира Вест Хем, Ливерпул убедлив против Тотенхем
Ливерпул и Челси забележаа убедливи победи во 36.коло, а Брајтон минимално ја победи Астон Вила.
Ливерпул одигра брилијантно во поголемиот дел од натпреварот. Поведе во 16. минута, кога Гакпо го проигра Салах, а Египќанецот го постигна својот 18. гол сезонава во Премиер лигата.
Кон крајот на првото полувреме „црвените“ го удвоија водството, со голот на капитенот Робертсон.
Ливерпул, во ист ритам продолжи и во вториот дел, Гакпо погоди во 50.минута, а потоа и Харви Елиот.
Во тој момент тимот на Јирген Клоп застана, а гостите од Лондо го искорситија да изборат чесен пораз. По гол постигнаа Ришарлисон и Сон.
Челси во градското дерби го декласира Вест Хем со 5:0. Дуелот беше решен во првиот дел кога „сините“ постигнаа три гола преку Палмер, Галагер и Мадуеке. Во вториот дел Џексон со два гола стави точка на натпреварот.
Ова е најубедлибата победа на Челси во историјата на меѓусебните дуели со Вест Хем.
Брајтон славеше победа над Астон Вила со голот на Жоао Педро во 87.минута.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.