Спорт
Инфантино со луд сон: Израел и Палестина заеднички организатори на Мундијалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има идеја дека во иднина Израел и Палестина би можеле да бидат заеднички организатори на Светско првенство и покрај историјата на крваво насилство во регионот.
Инфантино е во прва посета на Израел како претседател на ФИФА, и ова е еден од долгорочните проекти на Швајцарецот по најавата на Мундијал на секои две години и покрај големото спротиставување од УЕФА и јужноамериканската ЦОНМЕБОЛ.
„Зошто да не сонуваме за Светско првенство во Израел и неговите соседи? Со новите Абрахам договори, зошто не би имале Мундијал тука во Израел со Палестинците и со соседите од Блискиот Исток“, вели Инфантино.
Абрахам договорите се повеќе меѓусеби договори потпишани во САД минатиот септември, со кои се нормализираат односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Еден месец подоцна Израел и Судан најавија на нормализирање на односите, а во декември, Мароко воспостави дипломатски односи со Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хетафе освои бод против Атлетико

Атлетико Мадрид не успеа да го победи Хетафе во 20.коло. Натпреварот на „Сивитас Метрополитано“ аврши без победник 1:1.
Атлетико продолжува да распродава бодови на својот стадион. Во 20.коло не успеа да го победи претпоследнопласираниот Хтефе и покрај тоа што доминираше во текот на целиот натпревар.
Првиот гол на мечот го постигна Анхел Кореа во 62. минута, откако ВАР потврди дека Аргентинецот не бил во офсајд.
По постигнатиот гол, Атлетико продолжиси нападите, во целост ја контролираше играта, се до 80.минута кога Саул не беше внимателен топката го погоди во раката. Пеналот за хетафе го реализираше Унал.
До крајот на мечот Караско и Депај не успеаја да му ја донесат победата на Атлетико.
На последните 21 натпревари, Хетафе само четири пати успеа да освои бод. Можеби овој ќе му помогне да избори опстанок во лигата.
Хетафе на 19.место има 18 бода, Атлетико е на четвртото место со 35 бода.
Спорт
Реми на Сент Џејмс парк

Њукасл и Вест Хем ремизираа 1:1 во последниот натпревар од саботниот распоред во Премиер лигата.
Натпреварот имаше луд почеток, во првата минута ВАР му поништи гол на Њукасл.
Сепак, само две минути подоцна се затресе мрежата на Вест Хем, но овојпат голот беше поништен. Калум Вилсон постигна гол по додавањето на Лонгстаф.
Следеше мирен период од натпреварот до 32. минута кога по корнер изведен од Деклан Рајс, најдобрт во шеснаесетникот реагираше Лукас Пакета. Гостите можеа да поведат уште во првото полувреме, но Агерд беше непрецизен во финишот на првото полувреме.
Во продолжение Њукасл беше подобриот противник, ја имаше многу повеќе топка во свој посед, но не успеа да ја материјализира предноста. Најдобрите шанси ги пропуштија Сен Максиман и Калум Вилсон.
Њукасл и на 16 натпревар во низа остана непоразен во Премиер лигата. Голот на Пакета е прв што го прими голманот Ник Поуп по шест натпревар.
Њукасл остана на четвртото место на табелата што води во Лигата на шампионите, додека Вест Хем е на 16. позиција со 19 бодови.
Спорт
Рома за шест мунути го реши Емполи

Фудбалерите на Рома во 21. коло во италијанската Серија А го победија Емполи со 2:0
Натпреварот на римскиот „Олимпик“ беше решен во воведните шест минути кога Рома ги постигна единствените два гола на натпреварот.
Недолго по стартот од центарот, Роџер Ибањез со глава ја затресе мрежата на гостите по корнерот на Паоло Дибала.
На речиси идентичен начин Тами Абрахам во шестата минута го удвои водството на „волчицата“.
Дибала повторно изведе корнер, а англискиот претставник беше највисок во скокот и беше 2:0.
Рома со натпревар повеќе од ривалите се искачи на второто место на табелата, со 13 поени помалку од лидерот Наполи.