Спорт
Иниеста заминува во пензија
Андрес Иниеста, еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња, на социјалните мрежи објави видео со кое го најави крајот на големата кариера.
Тоа ќе го направи следниот вторник (8.октомври) во Барселона, градот во кој ги доживеа најубавите фудбалски моменти, на денот од месецот што одговара на бројот на дресот што го носеше во текот на брилијантната кариера.
Иниеста моментално е играч на Емирати на кој му се приклучи минатата година, а сега се чини дека засекогаш го напушта фудбалот.
COMING SOON🔜8️⃣🔟2️⃣4️⃣ pic.twitter.com/H0eaSKkTwU
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) October 1, 2024
Минатата година во јули по пет години го напушти јапонскиот клуб Висел Кобе. Иако со него освојуваше и трофеи, јасно е дека ќе остане запаметен како икона на Барселона и легенда на шпанската репрезентација.
Со Барселона освои девет шампионски титули на Шпанија, четири титули во Лигата на шампионите и вкупно 29 трофеи. Со репрезентацијата на Шпанија беше прв на Светското првенство во 2010 година и на две последователни ЕП во 2008 и 2012 година.
Иниеста стана херој и обожуван во цела Шпанија поради голот прптив Холандија во 117.минута со кој „црвената фурија“ го освои Мундијалот во Јужна Африка.
Кариерата на Иниеста:
Шпанија: 131 натпревар, 14 гола, 30 асистенции
Барселона: 674 натпревари, 57 голови, 135 асистенции
Висел Кобе: 134 натпревари, 26 гола, 25 асистенции,
Емирати: 23 натпревари, 5 гола, 1 асистенција
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ПСЖ е воодушевен од најавената продажба на Париз на Ред Бул
Како што објави „Лекип“, Ред Бул се подготвува да го преземе парискиот фудбалски клуб со семејството Арно, а веста одекна во Франција бидејќи големото богатство на идните сопственици потенцијално ќе го промени фудбалот во Париз и низ целата земја.
Во Лига 1, од повеќе причини, нема градови кои имаат два клуба во лигата. Како што стојат работите оваа сезона, географски се најблиску Ница и Монако – ги делат околу 20 километри. Но, тоа може да се промени.
Париз вложи многу во тимот во текот на летниот преоден рок, а тоа полека но сигурно се исплати. Париз моментално е лидер во Лига 2. Доколку се случи најавеното преземање на клубот, семејството Арно и Ред Бул сигурно ќе имаат пари за високи амбиции.
Очекувано, реакциите на навивачите на Париз на оваа вест се позитивни, а ништо поразлично не е и кај потенцијалните градски ривали Пари Сен Жермен.
„Тоа е одлична вест. Тоа би било фантастично за Париз и за францускиот фудбал. Тоа би донело здраво ривалство во нашиот главен град на највисоко ниво“, изјави првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Хелаифи за RMC Sport.
Спорт
Махач го елиминира Алкараз на мастерсот во Шангај
Чехот Томаш Махач спречи полуфинале Синер-Алкараз на Мастерсот во Шангај. Махач, 33. на АТП листата, преку Алкараз избори пласман во своето прво мастерс полуфинале.
Чехот по еден час и 55 минути го победи Шпанецот со 7:6, 7:5.
Карлос Алкараз, како фаворит влезе во дуелот со махач, но како ретко кога во кариерата не можеше да го испрати темпото што го наметна неговиот противник.
Првиот сет Махач го реши во тај-бреј, а до брејк дојде на самиот почеток на вториот сет. Алкараз успеа да го врати брејкот во шестиот гем, но на крајот се испостави дека тоа беше само момент на слабост на Махач.
Чехот уште еднаш му го одзеде сервиост на противникот на 11. гем, а потоа без загубен поен го реализира својот сервиз гем за конечен триумф.
Противник на Махач, во сабота, ќе му биде Јаник Синер, кој лесно се справи со повредениот Медведев (6:1, 6:4).
Спорт
Тен Хаг бара лев бек, Чилвел е прва опција
Има многу дилеми што ќе се случува во Манчестер јунајтед, пред се на тренерската позиција, а „црвените ѓаволи“ го подготвуваат јануарскиот преоден рок во кој главна цел ќе биде ангажман на лев бек.
Ерик Тен Хаг долго време има проблеми на оваа позиција. Лук Шо има проблеми со повредите, Тајрел Маласија исто така има сериозни проблеми со повреденото колено, поради што на тимот под итно му е потребен лев бек.
Решение за проблемите ќе биде Бен Чилвел од Челси. Поранешниот англиски репрезентативец пред почетокот на сезоната беше известен од новиот менаџер, Енцо Мареска, дека нема да смета на него.
Екс играчот на Лестер одигра само еден натпревар досега, во Карабао купот. Тој нема забележано ниту еден настап во Премиер лигата и сосема е извесно дека зимава ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“. Многу веројатно е дека негов сладна дестинација ќе биде „Олд Трафорд“.