Спорт
Сестрата на Роналдо за Касано: Не знам кој е тој бедник

Поранешниот играч на Рома, Милан, Интер и Реал Мадрид, Антонио Касано, познат по директните и контроверзни изјави, неодамна го критикуваше Кристијано Роналдо.
Португалецот е единствениот играч во историјата на фудбалот кој ја надминал бројката од 900 гола на официјални натпревари, но тоа не го спречи Касано да дојде до заклучок дека „Роналдо не знае да игра фудбал“.
Поранешниот италијански репрезентативец (42) гостуваше во подкастот на „Viva el Futbol“ и го коментираше Роналдо.
„Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал, може да постигне 3000 голови, не ми е гајле… Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез знаат како да играат со остатокот од тимот, а единствената занимација на Роналдо е да дава голови.“
Овие зборови на Касано наиде на негодување кај многумина, меѓу кои и сестрата на Роналдо, Елма Авеиро. Што мисли за Касано, а што за нејзиниот брат, откри на Инстаграм.
„Не го познавам тој бедник и не ми е гајле за него. Ми велат дека бил фудбалер, мислам дека грешат. Беше собирач на топки. Но, ќе ви кажам една работа. Ако Кристијано не знае да игра и постигна 900 гола, само замислете што би било кога би знаел да игра“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.