Спорт
Интер ќе инкасира рекордна сума од продажба на билети
Интер и Милан, утре ќе го одиграат полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите. Првиот натпревар им припадна на фудбалерите на Интер, тие како гости славеа со 2:0.
Стадионот е распродаден, на трибините ќе има повеќе од 75.000 гледачи, а Интер ќе оствари рекордни приходи од продажба на билети.
Италијанските медиуми пишуваат дека сите билети се распродадени и дека Интер ќе го собори рекордот на Милан поставен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, со оглед на тоа што цените на билетите се повисоки од пред седум дена.
Милан од продажбата на билети инкасирал 10.461.705 евра. На стадионот имаше 75.532 гледачи. Толкава бројка се очекува и утре, но бидејќи цените на билетите се нешто поскапи, Интер ќе инкасира околу 12 милиони евра.
Натпреварот директно ќе го пренесуваат 50 телевизиски станици, а на трибините се очекува рекорден број новинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус
Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус.
Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата.
Не е тајна дека во Саудиска Арабија сонуваат да го доведат Винисиус, а следното лето таа желба би можела да се оствари, под услов тој да биде расположен да се пресели на Блискиот Исток.
Реал го донесе од Фламенго во 2018 година за 45.000.000 евра, а сумата што ќе ја бараат веројатно ќе биде меѓу 200 и 250.000.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп
Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа.
„Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган.
To President @realdonaldtrump.
Playing for peace. As a team. pic.twitter.com/iLGAmbmu0J
— António Costa (@eucopresident) June 16, 2025
Исто така, Роналдо му испратил потпишан дрес на Доналд Трамп преку неговиот сонародник Антонио Коста, претседателот на Советот на Европа.
Можеби овие чувства на португалскиот фудбалер кон републиканскиот претседател не се чудо, со оглед на тоа што според признанието на неговата мајка, тој го добил името по друг републикански претседател, Роналд Реган.
Спорт
Дезире Дуе е „златното момче“ за 2025 година
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година.
Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година.
Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година.
Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, Суперкупот на Европа со Пари Сен Жермен, а играше и во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, каде што Парижаните неочекувано беа поразени од Челзи.
Во вкупно 61 натпревар, тој постигна 16 гола и забележа исто толку асистенции. Тој ја доби и наградата за MВП за најдобар играч на финалето на Лигата на шампионите.
Дуе е четвртиот Французин кој ја освоил оваа награда, прв по Килијан Мбапе во 2017 година. Претходно лауреати беа Пол Погба во 2013 година и Антони Марсијал во 2015 година.

