Спорт
Интер не го дава Лукаку

Директорот на Интер, Бепе Марота, истакнал дека клубот нема намера да го продаде Ромелу Лукаку. Изминатите неколку дена, медиумите, особено оние од Англија, пишуваа дека за Лукаку се заинтересирани Манчестер сити и Челси.
„Лукаку не е на продажба. Тој е важен дел од сложувалката која ја состави Симоне Инзаги“, рекол Марота.
Минатата сезона, во која Интер ја освои титулата во Серија, Лукаку блескаше со 24 голови.
Белгиецот има договор со Интер до јуни 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.
Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.
По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.
Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.
Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.
Неуспехот во Евролигата, како и критиките за неговата нестабилна игра, го чинеа работа.
Спорт
Остин Ривс одбил максимален договор со Лејкерси

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ја одби понудата на франшизата за продолжување на договорот.
Лејкерси му понудија на Ривс 89,2 милиони долари за четири години.
Бекот ја одби таа понуда со надеж дека како слободен агент во летото 2026 година, ќе може да избори побогат договор.
Според „Алетик“, Ривс формално го одбил продолжувањето на договорот. Инаку Лејкерси му го понудиле максималниот договор според важечките правила на лигата.
27-годишникот влегува во третата сезона од неговиот четиригодишен договор од 54 милиони долари, кој го потпиша како ограничен слободен агент во 2023 година.
Менаџерите на Ривс јасно им ставиле до знаење на Лејкерси дека оваа одлука не е резултат на незадоволство, туку стратешки потег бидејќи се очекува кошаркарот да може да добие многу попрофитабилен договор на отворениот пазар во 2026 година.
Таа ситуација веќе предизвика шпекулации за размена пред или за време на драфтот во НБА, што на крајот не се случи.
Претходната сезона беше најдобрата во кариерата на Ривс, во која тој постигнуваше просек од 20,2 поени по натпревар.
Спорт
Жиру се враќа во Европа

Оливие Жиру порано ги тресеше мрежите во Лигата на шампионите, но на залезот на кариератс одлучи да оди во МЛС лигата. Сепак, како што стојат работите ветеранот е подготвен да се врати во Европа.
Жиру е во Лос Анџелес веќе една година, но очигледно сè уште му недостасува најквалитетниот европски фудбал. Поради оваа причина, Жиру е на прагот да се врати во родната Франција, каде што ќе потпише договор со Лил.
Доколку тоа се случи, Жиру ќе се врати во својата татковина по 13 години. Играше за Монпелје, од каде подоцна се пресели во Арсенал.
Договорот на Жиру истекува на крајот од календарската година, но извесно е дека ЛА ќе го пушти во Лил, бидејќи во Калифорнија не се премногу задоволни од перформансите што ги имаше Жиру оваа сезона и минатата сезона.
Францускиот напаѓач во кариерата играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпелје, Арсенал, Челзи и Милан. Тој одигра 137 натпревари за француската репрезентација и постигна 57 голови.