Спорт
Интер од повторен пенал славеше во големото дерби со Јуве

Италијанскиот првак Интер го совлада Јувентус во Торино со 0:1 и ја продолжува одбраната на „скудетото“. Како и секогаш, многу контроверзи донесе дербито, а го пресуди Хакан Чалханоглу, од повторен пенал, во последните мигови од првото полувреме.
Матијс де Лихт влезе предвреме во шеснаесетникот, па судијата Ирати го повтори изведувањето на ударот од белата точка. Првиот пат Војчех Шчешни беше поуспешен од Чалханоглу, но залудно, кога при повторениот обид турскиот интернационалец успеа да реализира.
Јувентус тргна потоа во тотална офанзива, се обидуваа Дибала и Влаховиќ, дирекот го погоди Закарија, но Интер на крајот стигна до победа.
Интер сега има 63 бода, три помалку од Милан и од Наполи, и се наоѓа на третата позиција, а Јувентус е на четвртото место со 59 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал ја одреди цената за Родриго

Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја одредија цената за Бразилецот.
Како што објави „Кадена СЕР“, минималната цена што Реал е подготвен да ја прифати е 90 милиони евра. Изворот исто така наведува:
„Реал Мадрид знае за интересот на Арсенал, но играчот сака да истражи некои други решенија бидејќи знае дека Гвардиола со Манчестер сити е секогаш опција“.
Родриго, покрај Винисиус и Килијан Мбапе, падна во втор план. Често се случува во последно време Бразилецот натпреварите да ги започнува од клупата за резерви. Тој неколку пати изјави дека сака да остане во Мадрид, но јасно му е дека во Арсенал ќе може да игра на својата природна позиција, десно крило.
Спорт
(Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А.
Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас. Двата тима ја завршија групната фаза со по пет бода, а бразилскиот тим ќе оди во нокаут фазата од првото место на табелата поради подобрата гол-разлика.
Тадео Аљенде му донесе водство на Интер 16-та минута, а поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, го зголеми водството со гол во 65-та минута.
Водството на Интер го намали Паулињо со гол во 80-та минута, а Палмеирас израмни со голот на Маурисио во 87-ма минута.
Интер од Мајами ќе игра против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Атланта, а Палмеирас против Ботафого во Филаделфија.
Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд.
Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд. Тимот од Египет четири пати имаше предност, а Порто четири пати успеа да изедначи.
На крајот Порто го освои третото, а Ал-Ахли четвртото место во оваа група.
Спорт
Манчестер јунајтед за Мбуемо нуди 70 милиони евра

Манчестер јунајтед се насочи кон камерунскиот напаѓач Брајан Мбеума. Толку многу што по одбивањето на првата понуда од Брентфорд, од „Олд Трафорд“ во Лондон испратија втораа, значително подобрена.
„Црвените ѓаволи“ веќе потрошија над 78 милиони евра за Матеус Куња и Диего Леон. Но, тие немаат намера да се уште да го завршат преодниот период.
Рубен Аморим сериозно е заинтересиран за Брајан Мбеумо. Јунајтед испрати втора понуда за најдобриот стрелец на Брентфорд минатата сезона.
По одбивањето од 53 милиони евра со 11 милиони преку бонуси, од „Олд Трафорд“ беше испратена понуда од 70 милиони евра.
Сепак, не е само Јунајтед заинтересиран за Мбуемо. Тотенхем е исто така сериозно заинтересиран за Камерунецот. Адут на Тотенхем е новиот тренер Томас Франк, кој со Мбуемо имаше извонредна соработка во Брентфорд.