Спорт
Интер се искачи на врвот по тешката победа во Верона

Интер, барем привремено, се искачи на првото место во Серија А, откако на гостувањето кај Верона стигна до тешка 2:1 победа, шести триумф во низа во Италија на тимот на Антонио Конте.
На „Бентегоди“ по првото полувреме без голови, Ашраф Хакими му асистираше на Лаутаро Мартинез за водство на „нераѕурите“ во 52. минута, но домаќините се вратија во игра 11 минути подоцна кога Иван Илиќ израмни на 1:1. Милан Шкринијар во 69. минута го врати водството на гостите со еден рутински гол со глава.
Со трите поени, Интер се први со 33 поени, два повеќе од Милан, кои подоцна го пречекуваат Лацио во дербито на предбожиќното коло во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал со четири гола го торпедираше Алавес

Фудбалерите на Реал Мадрид, без тренерот Џинедин Зидан, лесно го минаа гостувањето во Алавес. Реал, неочекувано лесно се справи со домаќинот, триумфот 1:4 го обезедија во првиот дел кога постигнаа три гола. Со овој триумф Реал со два натпревари повеќе има четири бода помалку од лидерот Атлетико.
Реал одиграа речиси совршено првото полувреме. Без Рамос и Карвахал во одбраната и тренерот Зидан кој е позитивен на коронавирусот, Реал во првиот дел создадоа шест шанси за гол, успеаја три пати да го совладаат Пачеко.
Серијата ја отвори Касемиро во 14. минута, а Алавес го нокаутираа Бензема и Азар, во 41 и 46.минута. Белгиецот го постигна вториот гол во Ла Лига оваа сезона.
Второто полувреме беше само формалност за Реал. Хоселу успеа да намали во 59.минута, а конечниот резултат го постави Бензема со својот втор гол во 70.минута.
Спорт
Ветеранот Хоакин му донесе бод на Бетис против Сосиедад
Реал Сосиедад и Бетис одиграа 2:2 во 20.коло, во ла Лига. Сосиедад продолжија со лошите резултати, не успеаја да победат иако до 86.минута имаа предност од 2:0. Бетис од друга страна немаа пораз од почетикот на годината.
Реал Сосиедад, во воведните десет минути од вториот гол, постигнаа два гола преку Александер Исак и Микел Ојерзабал. Потоа Порту не искористи добра шанса, а откако тренерот на Сосиедад од игра ги извади најдобрите играчи, Бетис постигна два гола.
Поранешниот играч на Сосиедад, Серхио Каналес, во 86.минута го намали резултатот, а бод на Бетис му донесе ветеранот Хоакин во 92 минута.
39-годишниот Хоакин, во 2003 година, кога Бетис последен пат победиле во Сан Себастијан, постигна два гола.
Реал Сосиедад се шести на табелата со 31 бод, Бетис на осмото место има 27.
Спорт
СПАЛ и Бреша заинтересирани за Несторовски

Илија Несторовски до крајот на преодниот рок би можел да замине од Удинезе. Несторовски, од почетокот на сезоната, има одиграно само 252 минути за Удинезе.
Удинезе, во саботата, одигра 0:0 против Интер, а Несторовски мечот го мина на клупата за резерви.
Италијанските медиуми пренесуваат дека неколку клубови се заинтересирани за услугите на напаѓачот.
Според шпекулациите најголем интерес за Несторовски има кај два клуба од Серија Б, СПАЛ и Бреша.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот