Спорт
Италија и Белгија во финалето на Лигата на нации, Србите ги „наполнија“ Русите!
Репрезентациите на Италија и Белгија се приклучија на Шпанија и Франција како учесници на финалниот турнир на Лигата на нации, откако ги освоија првите места во своите групи со победи во последното коло. Во Б-лигата додека Србија со 5:0 ја „наполни“ Русија за да овозможи Унгарија да влезе во Лига А.
На „Грбавица“ во Сараево, Италијанците стигнаа до 2:0 победа над Босна и Херцеговина со головите на Белоти и Берарди за да го осигураат првото место во групата 1 пред Холандија, која направи пресврт и со 2:1 славеше на гости кај Полска.
Во групата 2, во директен дуел, Белгијците предводени од двата гола на Ромелу Лукаку со 4:2 ја победија Данска, за да го осигураат првото место во групата. На Данците им требаше победа за ги поминат „ѓаволите“.

Во понизок ранг од овие групи се селат БиХ и Исланд, додека нови членови на елитната група ќе бидат Австрија, Чешка, Велс и Русија.
Србија обезбеди опстанок во Лига Б со неверојатната 5:0 победа над Русија, што во исто време овозможи Унгарците со 1:0 победата над Турција да влезат во Лига А. Австријците одиграа 1:1 дома со Норвешка, Чесите со 2:0 го совладаа соседот Словачка за да го искористат киксот на Шкотска на гости кај Израел, додека Велс во директна пресметка со 3:1 ги победи Финците. Словенците, пак, успеаја да изддржат 0:0 на гостувањето кај Грците и да влезат во Лига Б.
УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 1
Босна и Херцеговина – Италија 0:2
Полска – Холандија 1:2
Табела: 1.Италија 12, 2.Холандија 11, 3.Полска 7, 4.БиХ 2
ЛИГА А, ГРУПА 2
Белгија – Данска 4:2
Англија – Исланд 4:0
Табела: 1.Белгија 15, 2.Данска 10, 3.Англија 10, 4.Исланд 0
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Австрија – Норвешка 1:1
Северна Ирска – Романија 1:0
Табела: 1.Австрија 13, 2.Норвешка 11, 3.Романија 4, 4.С.Ирска 4
ЛИГА Б, ГРУПА 2
Чешка – Словачка 2:0
Израел – Шкотска 1:0
Табела: 1.Чешка 12, 2.Шкотска 10, 3.Израел 8, 4.Словачка 4
ЛИГА Б, ГРУПА 3
Унгарија – Турција 2:0
Србија – Русија 5:0
Табела: 1.Унгарија 11, 2.Русија 8, 3.Србија 6, 4.Турција 6
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Ирска – Бугарија 0:0
Велс – Финска 3:1
Табела: 1.Велс 16, 2.Финска 12, 3.Ирска 3, 4.Бугарија 2
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Грција – Словенија 0:0
Косово – Молдавија 1:0
Табела: 1.Словенија 14, 2.Грција 12, 3.Косово 5, 4.Молдавија 1
БиХ – ИТАЛИЈА
БЕЛГИЈА – ДАНСКА
ПОЛСКА – ХОЛАНДИЈА
АНГЛИЈА – ИСЛАНД
СРБИЈА – РУСИЈА
АВСТРИЈА – НОРВЕШКА
УНГАРИЈА – ТУРЦИЈА
ВЕЛС – ФИНСКА
ЧЕШКА – СЛОВАЧКА
ИРСКА – БУГАРИЈА
ИЗРАЕЛ – ШКОТСКА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

