Спорт
Италија ја освои европската бронза во ватерполо
Foto/ EPA
Италијанската ватерполо репрезентација ја совлада Унгарија со резултат 12:7 (4:1, 4:2, 2:1, 2:3) во мечот за третото место на Европското првенство во Загреб.
Италијанскиот тим го обезбеди првиот медал на континенталните шампионати од 2014 година.
Првата четвртина, во која Италијанците беа доминантни (4:1), навести во кој правец ќе се движи натпреварот, што се потврди во вторите осум минути со уште едно ефекасно и инспирирано издание на Азурите.
До полувремето Италија им „побегна“ на Унгарците на 8:2.
Второто полувреме беше прашање на рутина за избраниците на Алесандро Кампања.
Кај победниците најефикасни беа Андреа Фондели со три, односно Оскар Гонзало Ечени и Џакомо Канела со по два гола.
Во поразениот тим по два гола постигнаа Татраи Дави Марсел и Вигвар Винс.
Вечерва за титулата ќе се борат домаќинот Хрватска и Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Англиските Ирци и пресудија на Република Ирска
Англија со победа над Ирска во Даблин ги започна натпреварите во Б дивизијата во Лигата на нации. Победата на Англија и ја донесоа Ирците, кои решија во сениорска конкуренцијата да го носат дресот на „гордиот албион“.
Деклан Рајс и Џек Грилиш во Дабил беа пречекани со транспарент кој ги споредува со змии. Двајцата постигнаа по еден гол, Рајс не го прослави за разлика од Грилиш.
🐍"YILANLAR GERİ DÖNDÜ"
İrlandalı taraftarların İngiltere maçında Declan Rice ve Jack Grealish'e gösterdiği tepki ters tepti.
🔔DEVRE: İrlanda 0-2 İngiltere
⚽11' Declan Rice
⚽26' Jack Grealish 🅰 Declan Rice pic.twitter.com/fayUiaY0HG— Sporx Ekstra (@sporxekstra_) September 7, 2024
Рајс, пред да дебитира за Англија во 2019 година, одигра три натпревари за Ирска. Сега постигна гол на стадионот на кој во 2018 година играше во дресот на Ирска против САД. Грилиш играше за младинските селекции, У18 и У21 на Ирска. Неговата мајка е од Ирска, но тој реши го прифати повикот од Англија.
Спорт
Анчелоти за помошник донесе тренер од англиската Трета лига
Карло Анчелоти (65), според англиските медиуми, повлече шокантен потег. Искусниот Италијанец во својот стручен штаб го донесе помошникот тренер во англискиот третолигаш Стокпорт Каунти.
Станува збор за 38-годишниот Енди Менген, кој беше член на стручниот штаб на над 300 натпревари во третото, четвртото и петтото ниво на англискиот фудбал.
Менген е поранешен напаѓач, кој ја заврши својата кариера во 2018 година. Настапуваше за десет клубови, а во кариерата одигра 425 натпревари и постигна 118 гола.
Никогаш во кариерата не играч на повисоко ниво од Третата лига.
Англиските медиуми пренесуваат дека Менген е близок пријател со Давиде Анчелоти (35), синот на Карло Анчелоти, кој исто така е дел од стручниот штаб на Реал Мадрид.
Тие двајца заедно ги земаа тренерските лиценци, па освен што се пријатели се и поранешни школски другари. Кога Менген ќе ја добие работната дозвола за Шпанија, ќе му се приклучи на стручниот тим на Реал.
Спорт
Гризман. Бевме ужасни против Италија
Французите се разочарани од играта што ја прикажаа нивните најдобри играчи на натпреварот против Италија на стартот од Лигата на нации.
„Аѕурите“ сосема неочекувано победија со 3:1 во Париз.
Триколорите поведоа веќе во 14. секунда со голот на Баркола, но во преостанатиот дел од натпреварот Димарко, Фратеси и Распадори целосно го свртеа резултатот.
Еден од најискусните репрезентативци на Франција, 33-годишниот Антоан Гризман заигра по 136-ти пат во дресот на „триколорите“ и не памети вакво лошо издание.
„Ништо не беше во ред. Како репрезентација мора да продолжиме да работиме напорно и да го анализираме овој натпревар. Не бевме добри ниту во напад, ниту во пресинг, ниту во одбрана. Им честитам на Италијанците, овојпат беа подобри“, изјави Антоан Гризман за француските медиуми.
Во следниот натпревар, во понеделник на 9 септември Франција ја пречекува Белгија во Лион, додека истиот ден Италија гостува во Будимпешта против Израел.