Спорт
Италија со специјални дресови ќе игра против Англија – во чест на Џанлука Вијали

Италија и Англија вечерва се среќаваат во Неапол во големото дерби од првото коло од квалификациите за ЕП и во репризата од финалето на минатиот шампионат, а мечот ќе остане запаметен како прв за актуелните европски шампиони по смртта на поранешниот напаѓач Џанлука Вијали.
Вијали во последните години беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата, а почина во јануари на 58-годишна возраст по тешко боледување.
Репрезентацијата на Италија против Англија ќе носи специјални дресови со посвета на Вијали.
„Лука, „азуро“ засекогаш“, пишува на јаката од дресот на Италија за вечерашниот дуел.
Италија вечерва ќе се претстави во дресови на „Адидас“, откако имаше долга соработка со компанијата „Пума“, која траеше повеќе од една и пол деценија.
Italy will honour Gianluca Vialli against England 🇮🇹👏
Italy will wear one-off shirts in honour of ‘immortal’ Gianluca Vialli as they face England in first game since Azzurri legend’s death.
Class touch from Italy.#ItalyEngland pic.twitter.com/Vg9gPc0OeS
— SPORF (@Sporf) March 23, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал на Реал без клучниот дефанзивец

Арсенал скапо ја плати победата над градскиот рувал Фулам (2:1) во 30.коло, во англиската Премиер лига.
Натпреварот на „Еимирати“ по само 15 минути го заврши клучниот дефанзивец на Арсенал. Габриел Магаљаеш. Бразилецот се повреди без да има контакт со противнички играч, седна на тревата и веднаш побара измена.
Ова е ужасна вест за менаџерот Микел Артета, во пресрет на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал. Овој дуел на програмата е за една недела.
„Габриле почувствува болка во задната ложа. Дополнителните тестови ќе ни покажат повеќе. Се уште не знам колку е сериозна повредата“, рече менаџерот Артета.
Покрај Габриел, натпреварот пред време го заврши и Јулиен Тимбер, тој беше заменет во второто полувреме. Сепак, замената на Тимбер е превентивна бидејќи тој поради претходна повреда беше неизвесен за дуелот со Фулам.
Спорт
(Видео) Кари со серија тројки го растури Мемфис

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги совладаа Мемфис Гризлис како гости со резултат 134:125 и го презедоа петтото место на табелата во Западната конференција.
Предводникот на Вориорс, Стеф Кари, блескаше во Тенеси, постигна 52 поени, погоди 12 тројки од 20 обиди, шутираше 16/31 од поле, 8/8 од линијата за слободни, имаше десет скока, осум асистенции и пет украдени топки.
Ова беше негова втора најмоќна офанзивна партија сезонава, на крајот на февруари постигна 56 поени против Орландо, а претходно постигна 40 против Бруклин… До полувремето веќе имаше 32 поени, 11/16 од поле и 8/10 од линијата за три поени…
Кари ја имаше најсилната офанзивна поддршка во Џими Батлер, кој натпреварот го заврши со 27 поени.
Вориорс нема промашување од линијата за сободни фрлања (28/28).
На другата страна Џа Морен постигна 36 поени, тоа беше негов втор најдобар натпревар во сезоната, Џерен Џексон Џуниор постигна 22 поени.
Спорт
Олимпија Љубљана ги тужи сопствените навивачи

Поради недоличното однесување на навивачите Олимпија доби казна од УЕФА од 184.000 евра. Навивачуте на клубот од Љубљана диевеај против орац Бања Лука во плеј-офот во Конференциската лига.
На следниот домашен европски натпревар трибините на стадионот ќе мора да бидат делумно затворени. Олимпија објави соопштение во врска со казната и најави тужба против сопствените навивачи.
„Од 2022 година, клубот мораше да плати повеќе од половина милион евра казни на УЕФА поради слични прекршувања на трибините. Овие санкции беа наметнати поради повторување на неред, насилни акти и расизам на поединци. НК Олимпија Љубљана силно се оградува од тие навивачи. На насилството и расизмот не им е место на стадионите. Мора да им ставиме крај на ваквите работи. Клупската управа на вонреден сосотанок донесе одлука да против поединци поднесе кривични пријави и да бара обесштетување. Малкумина придонесоа за овој срам што му е нанесен на клубот и градот.
Со помош на безбедносните снимки и персонализацијата на билетите, тие ќе бидат откриени, а надлежните органи потоа ќе одлучат за казните“, стои во дел од соопштението за медиумите потпишано од претседателот на клубот Адам Делиус.