Спорт
Иванишевиќ: Новак е опасен за Западот, затоа не го сакаат

Тренерот на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ се врати дома и даде интересно интервју во ХРТ во кое зборуваше за тоа зошто на „Западот“ не го сакаат неговиот пулен, и покрај неговата доминација во светот на тенисот во последнтие години.
Во Мелбурн, Ѓоковиќ неколку пати беше критикуван од јавноста – прво откако тенисерите заглавија во хотел во карантин и тој побара да им се овозможат подобри услови, а потоа поради наводното „лажирање“ повреда во дуелот со Американецот Тејлор Фриц. Иванишевиќ вели дека се работи за глупости.
„Какво измислување на повреда? Човекот води 2:0 во сетови и би измислил повреда за да добие тенисер како Тејлор Фриц! Кога тоа го прават некои други, се зборува за херојски чин и се вели: ‘Секоја чест’. Но, на крајот тој успеа. Потроши многу енергија, му помогнавме да не се замара со тие работи. Тоа му даде дополнителен мотив и сила и се виде на теренот. Знаете, Западот не сака така моќен човек, кој има војска навивачи зад него и кој се дрзнува да го каже тоа што го мисли. Верува во своите мисли, и тоа е опасно за Западот. Тоа почна по првиот локдаун, преку Адрија купот, иако не знам што толку опасно се случи таму. Беше и ланскиот несреќен САД опен, па и лошото финале од Ролан Гарос. Сега, пак, му извадија приказна за лажирање на повреди“, вели Иванишевиќ.
Тој додава дека воопшто не му е тешко да работи со Ѓоковиќ.
„Се работи за ист менталитет, за ист јазик, и тоа помогнува во објаснувањето, во разговорите. Дури понекогаш не мораш да кажеш ништо, доволно е да се погледнеш. Балканците може да тренираат било кого, но Балканец не може да го тренира никој друг освен Балканец. Да знаете, кога вика на теренот, речиси секогаш вика по мене“, објаснува Иванишевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
АБА лигата ќе остане со еден претставник во Евролигата

АБА лигата и наредната сезона ќе има еден претставник во Евролигата.
Информацијата ја објави „Еурохопс“, со што е ставен крај на шпекулациите дека регионалната лига, може да остане без претставник или дека покрај шампионот во Евролигата ќе игра уште еден тим со специјална покана.
Ново во целиот случај е што шампионот секако ќе игра во Евролигата, без оглед на тоа дали ги исполнува условите што ги бара Евролигата.
АБА лигата, значи добива специјална покана, а за втората конкурираат Валанесија, Виртус Болоња или Зенит.
Најголеми шанси според прогнозите има Зенит.
Спорт
Мино Рајола го крои составот на Јуве за наредната сезона

Еден од највлијателните менаџери во фудбалот, Мино Рајола, го посетил Торино. Италијанските медуми шпекулираат со каква цел Рајола бил во Јувентус, потенцирајќи дека негови клиенти се Матијас Де Лихт и Федерико Бернардески.
Според овиие извори, Де Лихт ќе остане во клубот, а Јувентус ќе го продаде Бернардески, во летниот преоден рок.
Јувентус со Рајола ќе работи на засилувањата. На мета на „страта дама“, се клиентите на Рајола, голманот Џиџи Донарума и Пол Погба.
Наводно, трансферот на Донарума би бил извесен доколку Милан не изборат пласман во Лигата на шампионите, што од оваа перспектива изгледа нереално.
Враќањето на Погба, бил еден од приоритетите на клубот. Погба за 105 милиони евра, од Јувентус во 2016 година се пресели во Манчестер јунајтед.
Бернердески, од друга страна, би можел да биде искористен за размена со Милан. Јувентус се заинтересирани за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Рајола би требало да ја заврши работата околу размената, бидејќи покрај Бернардески и Ромањоли е негов клиент.
Спорт
Лука Тони: И јас бев себичен, но не се однесував како Роналдо

Светскиот првак со Италија во 2006 година, Лука Тони, е еден од оние што најчесто го критикуваат Кристијано Роналдо.
Тони не го намалува влијанието што го има Роналдо врз тимот, но смета дека на теренот треба да се однесува со повеќе почит кон соиграчите.
„Постигнува многу голови, водечки стрелец е и тоа многу му значи на тимот, но не сум импресиониран од неговиот став на теренот, од тоа како се однесува кон соиграчите. И јас бев себичен додека играв, но и кога не постигнував голови, останував на теренот да ги прославам победите. Знаев да го потиснам разочарувањето“.
Лука Тони најголемите резултати ги постигна како играч на Баерн Минхен.
Кристијано Роналдо е водечки стрелец во Серија А со 25 гола. Вкупно за Јувентус постигнал 97 гола на 126 натпревари.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш