Спорт
Изненадување на АО – Чилиќ го победи Рубљов

Марин Чилиќ ја комплетираше листата на тенисери кои се пласираа во осмина-финалето на Австралија опен. Хрватот, во третата рунда, го победи петтиот фаворит на турнирот Андреј Рубљов.
Гренд-слем шампионот од Ју-ес опен од 2014 година, со сигурна игра, успеа да слави во четири сета 7/5, 7/6, 3/6, 6/3. Мечот траеше два часа и 38 минути.
Чилиќ, 27. на АТП листата, повеќе ризикуваше, на крајот таквата игра му ја донесе победата. Хрватот, имаше 55 винери, 17 повеќе од Рубљов, а направи и 10 неизнудени грешки повеќе од противникот (41/31).
Финалистот во Мелбурн од 2018 година, во осмина-финалето ќе игра против младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кирјос пред четврт-финалето на Вимблдон во Австралија доби обвинение за физички напад!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е обвинет за физички напад на поранешната девојка Кјара Пасари минатата година пред неговиот меч од четврт-финалето на Вимблдон против Чилеанецот Кристијан Гарин во средата.
27-годишниот Кирјос е обвинет дека ја нападнал манекенката Пасари и ќе мора да се појави пред австралискиот суд следниот месец, со обвинение што може да му донесе максимална затворска казна од 2 години.
„Обвинението е сериозно и господинот Кирјос ја сфаќа ситуацијата сериозно. Во овој момент тој нема да коментира“, изјави неговиот адвокат Џејсон Мофет.
Спорт
Конечно, поднова за Јунајтед – Тајрел Маласија е првото засилување за Ерик Тен Хаг

Манчестер јунајтед, конечно, го комплетираа првиот трансфер во ерата на новиот менаџер Ерик Тен Хаг, откако холандскиот лев бек Тајрел Маласија пристигна од Феенорд, и веднаш треба да биде ривал на Лук Шо за стартното место на „ѓаволите“.
22-годишниот Маласија беше блиску до потпис со Лион, пред Јунајтед да се договорат со Феенорд и да платат 13 милиони фунти за Холанѓанецот, давајќи му четиригодишен договор со опција за уште една сезона. Маласија го импресионираше Тен Хаг како противник на неговиот поранешен клуб Ајакс, откако произлезе од младинската академија на клубот од Ротердам уште во 2008 година. Тој има пет настапи за сениорската холанска репрезентација.
Се очекува Маласија да биде само првото засилување од петте предвидени од Тен Хаг во летниот преоден рок. Средниот ред претставува главен проблем за Тен Хаг и во клубот се оптимисти дека, конечно, ќе го решат тоа со носењето на Френки де Јонг од Барселона, а Кристијан Ериксен би требало да пристигне како слободен играч по шестмесечниот оговор со Брентфорд.
Други фудбалери кои се поврзуваат со Јунајтед се двојката на Ајакс, Антони и Лисандро Мартинез, како и десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, а Даниел Бахман од Вотфорд би пристигнал како замена на позицијата голман, откако Дин Хендерсон ќе замине во Нотингем.
Друг проблем за Тен Хаг е желбата на Кристијано Роналдо да замине од клубот, откако Јунајтед претходно се прости од Пол Погба, Немања Матиќ, Хуан Мата, Единсон Кавани и Џеси Лингард.
✋ Stop scrolling.
???? Watch this.@T_Malacia's first interview has landed ????????#MUFC || #WelkomTyrell— Manchester United (@ManUtd) July 5, 2022
Спорт
Чурлинов се врати во Штутгарт и ги почна подготовките

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во Штутгарт и ги почна подготовките за новата сезона. Откако заврши позајмицата со Шалке 04, тимот со кој обезбеди промоција во Бундес-лигата, Чурлинов е повторно дел од Штутгарт, со кој има договор до јуни 2024 година.
Крилниот напаѓач ќе се обиде да се избори за место стартниот тим на „швабите“ за новата сезона.
Darko #Churlinov ⚽️????#VfB pic.twitter.com/kbSglf6qB1
— VfB Stuttgart (@VfB) July 5, 2022