Спорт
Јакобсен е благодарен што е жив по хоророт во Полска
Холандскиот велосипедист на тимот Квик-Степ, Фабио Јакобсен, се чувствува многу благодарен што е жив по хорор-судирот на првата етапа на трката околу Полска по која заврши во медицински индуцирана кома.
23-годишниот Јакобсен беше истуркан во рекламните паноа пред финишот од неговиот сонародник Дилан Греневеген (Џамбо-Висма), кој доби суспензија за потегот. Докторот на трката, Барбара Јершина, изјави дека неговиот живот бил во опасност, а сега две недели подоцна, Јакобсен им се заблагодари на полските лекари и посочи дека полека гледа кон иднината.
„Поминаа две недели од мојот судир во Полска. Лекарите во Катовице ми го спасија животот и за тоа вечно ќе сум им благодарен. Поминав една недела на интензивна нега во болницата ’Св.Барбара’ во Сосновиец и тие ми дадоа шанса да живеам. Тоа за мене беше многу мрачен и тежок период и се плашев дека нема да преживеам. Организаторите на трката и мојот тим обезбедија семејството да биде до мене и тоа ми даде сила. Сега сум дома и продолжувам со закрепнувањето и треба да мирувам неколку месеци поради сериозниот потрес на мозокот, а ќе одам и на повеќе операции на лицето. Благодарен сум што сум уште жив. Сега можам да размислувам за иднината“, вели Јакобсен.
Греневеген е велосипедски кретен – и тоа не му е првпат! (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

