Спорт
Јанг и Санчез беа стрелци, Интер ја демолираше Бреша (видео)

Интер стигна до убедлива 6:0 победа над „фенерџијата“ Бреша, триумф обезбеден уште во првото полувреме од двајца поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг и Алексис Санчез.
Уште во петтата минута на „Сан Сиро“, Санчез фантастично му нафрли на Јанг, кој со фантастичен удар го совлада Џеси Јоронен. Во 20. минута од мечот, дојде ред на Санчез, кој беше прецизен од белата точка, пред Данило Д’Амброзио на асистенција на Јанг да зголеми на 3:0. Роберто Гаљардини во 52. минута зголеми на 4:0, за во 85. минута нововлезениот Кристијан Ериксен да зголеми на 5:0, пред и Антонио Кандрева да се запише во листата на стрелците во 88. минута.
Во дуел од средината на табелата пак, Болоња одигра 1:1 со Каљари. Домаќините дојдоа во водство во 45. минута од мечот преку Муса Бероу, пред Џовани Симеоне да израмни на самиот почеток на второто полувреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул го договори трансферот на Нуњез во Ал Хилал

Активниот трансфер период продолжува на „Енфилд“. Играчите доаѓаат и си одат. Англискиот шампион го договори трансферот на Дарвин Нуњез во Ал Хилал.
Уругваецот пристигна како големо засилување пред три години за 87 милиони евра, си заминува како некој што не ги оправда очекувањата.
Ливерпул нема целосно да ја санира штетата, од трансферот ќе заработи 53 милиони евра. Но, со релативно лесно остварливи бонуси, вредноста на трансферот би можела да достигне дури 60 милиони евра.
Уругвајскиот напаѓач постигна 40 гола во сите натпреварувања во 143 натпревари за Ливерпул.
Foto/ „X“
Спорт
Галијани ќе се врати во Милан

Адријано Галијани, легендарниот фудбалски функционер кој се прослави во Милан, би можел да се врати во клубот.
Во претходните недели имаше преговори меѓу него и сопственикот Кардинале, кој го сака назад во клубот како „супер-консултант“.
За да биде реализирана оваа соработка, Галијани ќе мора да ја продаде Монца, односно трансакцијата официјално да биде завршена, бидејќи продажбата на клубот беше договорена пред некое време.
Навивачите на Милан речиси едногласно сакаат ова да се случи, бидејќи Галијани ја кроеше трансфер политиката во најславните денови на клубот.
Доколку ова сценарио се оствари, Галијани нема да „заземе ничие место“. Паоло Скарони би останал претседател, а Џорџо Фурлани би продолжил како извршен директор.
Спорт
Фенербахче сака да го врати Фонтекио во Евролигата

Актуелниот шампион на Евролигата, Фенербахче, сака да го ангажира Симоне Фонтекио, актуелниот кошаркар на Мајами Хит и италијанската репрезентација.
Фонтекио е во НБА веќе неколку години, но би можел да ја напушти ова лето, бидејќи Мајами не смета на него.
Претходната година потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Детроит, по завршувањето на сезоната беше трејдуван во Мајами, но би можел да биде отпуштен бидејќи франшизата не сака да плаќа данок на луксуз.
Тука Фенербахче ја гледа својата шанса.
Фонтекио ја напушти Евролигата и замина во НБА во 2021 година, а претходно го носеше дресот на Виртус, Олимпија, Реџана, Алба и Басконија.
Фонтекио би бил уште едено засилување на крилната позиција во Фенербахче. Тарик Биберовиќ, Бонзи Колсон и Онуларп Битим веќе аплицираат за таа позиција. Ова најверојатно би значело дека некој ќе се збогува со тимот од Истанбул во наредниот период.