Спорт
Јанис ќе потпише нов договор со Милвоки

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо ќе потпише нов договор со Милвоки Бакс до 2028 година.
Актуелниот договор на Адетокумбо истекува во 2025, но тој завршувањето имаше можност да преговара с други франшизи. Сега е јасно дека тоа нема да се случи.
Јанис, претходно ја најави оваа можност, но се премисли откако во Милвоки пристигна Демијен Лилард.
Адетокумбо според новиот договор ќе заработи 186 милиони долари, но 2027/28 година е незадолжителна, што значи дека доколку сака ќе може да го напушти клубот како слободен играч.
Интересно е што Јанис ќе има опција да потпише нов краткорочен договор со клубот во 2026 година поради „правило 38“.
Потоа во 2028 година, нова четиригодишна соработка, што би значело дека ќе земе 280.900.000 долари во следните пет сезони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кварацхелија и Антони можат да постават уникатни рекорди

Хвича Кварацхелија и Антони. Првиот донесен како големо засилување, вториот беше избркан, но заедничко им е што двајцата ги оправдаа очекувањата на новите тимови. До крајот на сезоната можат да постават уникатни рекорди.
Хвича Кварацхелија, талентиран 24-годишен играч од Тбилиси, кого Наполи го донесе за 10 милиони евра во летото 2022 година и каде што ги доби прекарите „Грузиски Марадона“ и „Кварадона“, беше купен од Пари Сен Жермен за 80 милиони евра (70+10) во јануари оваа година.
Играше за „светците“ во вистинскиот момент, во нокаут фазата од Лигата на шампионите, имаше голем придонес во пласманот на ПСЖ во финалето. Сега има шанса да ја освои титулата европски шампион.
Во меѓувреме, тој веќе го освои шампионатот на Франција, а го чека финалето на Купот на Франција. Значи, со „светците“ има можност да освои вкупно три трофеи: веќе ја освои Лига 1, а го чекаат финалето на Лигата на шампионите и Купот на Франција.
Интересно е што оваа сезона Кварацхелија може да добие и медал за освојување на титулата во италијанското првенство.
Пред да се пресели во ПСЖ, тој одигра 17 натпревари во Серија А за Наполи во првиот дел од сезоната и постигна пет гола, а тимот од Неапол моментално е на првото место пред крајот на сезоната, со бод повеќе од Интер.
Ова значи дека „грузискиот Марадона“ може да биде шампион на Европа, Франција и Италија оваа сезона.
А што да се каже за „случајот Антони“. Овој 25-годишен Бразилец дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2022 година како големо засилување, Манчестер унајтед му плати на Ајакс 100 милиони евра (95+5).
Сепак, англискиот великан западна во криза на перформансите и резултатите, а Антони беше идентификуван како еден од виновниците. Бидејќи не ги оправда огромните очекувања, беше испратен на позајмица во Бетис во јануари оваа година.
Се покажа дека донел добра одлука. Антони се прероди како фудбалер во клубот Севилја. Тој ги круниса добрите игри со осум гола и четири асистенции.
Особено блескаше во Конференциската лига на УЕФА. Не само поради спектакуларниот гол од слободен удар во реваншот од полуфиналето против Фиорентина, туку е еден од најзаслужените е што Бетис ќе игра во финале на европско натпреварување за прв пат во историјата.
Она што е особено интересно во случајот на Антони е што неговиот матичен клуб Манчестер јунајтед исто така влезе во финалето на Лига Европа. Бидејќи
Во Лига Европа, Антони одигра четири натпревари за Јунајтед, што значи дека ќе добие медал доколку вечерва „црвение ѓаволи“ ја освојат Лига Европа.
Ова значи дека тој може да освои два европски купа во една сезона, Конференциската лига и Лига Европа.
Спорт
Рафа Бенитез е блиску до договор со АЕК

Откако ја пропушти оваа сезона, Рафаел Бенитез е подготвен да и се врати на тренерската работа. „Марка“ тврди дека европскиот шампион со Ливероул, од наредната сезона ќе го предводи АЕК од Атина.
АЕК ќе се раздели со Аргентинецот Матијас Алмеида на крајот од сезоната и активно бара негова замена, а Бенитез се чини дека е најблиску до клупата на жолто-црните.
Наводно, Бенитез неодамна имал состанок со спортскиот директор на АЕК, Хавиер Рибалта, кој му презентирал идеи за следната сезона.
АЕК би имал корист од искуството на Бенитез. Шпанецот, меѓу другото, предводел гиганти во кариерата: Реал, Ливерпул, Валенсија и Наполи.
Шпанските тренери со години оставаат сериозен белег во грчкиот фудбал. Тој тренд го започна Ернесто Валверде, кој освои три титули и две Куп титули со Олимпијакос.
Но, тука е и Мишел Гонзалез кој двапати беше шампион и еднаш го освои Купот, исто така со Олимпијакос. Потоа Маноло Хименез, кој беше шампион со АЕК.
Секако, најсвеж пример е Хозе Луис Мендилибар, кој во 2024 година со Олимпијакос беше шампион и ја освои Конференциската лига.
Се очекува одлуката на Бенизет да биде објавена во наредните недели. Последната тренерска работа на Бенитез беше во Селта Виго, која ја водеше во сезоната 2023/24.
Спорт
Финале на Лига Европа: сламка на спасот за англиските давеници

Вечерва ќе се одигра првото од трите финалиња во натпреварувањата кои се во организација на УЕФА. Лига Европа ќе биде првата што ќе го даде победникот. Во фналето ќе играат Манчестер јунајтед и Тотенхем, најголемите разочарувања во Премиер лигата оваа сезона.
Чудна сезона е зад Манчестер јунајтед и Тотенхем, во Премиер лигата беа веднаш над зоната за испаѓање, додека на европската сцена се борат за трофеј.
Поради тоа влогот во ова финале е огромен. Победникот не само што ќе го освои трофејот, туку и ќе избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Манчестер јунајтед е единствениот клуб без пораз во сите три европски натпреварувања, а во полуфиналето убедливо го победи Атлетик Билбао со вкупен резултат од 7:1 (3:0, 4:1). И Тотенхем стигна до финалето со две победи против норвешкиот Боде/Глимт од 5:1 (2:0, 3:1).
Манчестер јунајтед играше во финалето на Лига Европа двапати: во 2017 година победи против Ајакс (2:0), а во 2021 година загуби од Виљареал (1:1, пенали – 10:11).
„Ако ја освоиме Лига Европа луѓето ќе гледаат на нашиот тим на поинаков начин, бидејќи освојувањето на европски трофеј важна работа. Ништо нема да ја промени нашата сезона, сите го знаат тоа, но освојувањето на титулата на европско натпреварување ќе ни помогне да го стекнеме тоа чувство што ќе ни помогне да ја создадеме иднината“, рече менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим.
Португалецот за „Скај Спортс“ откри дека Лени Јоро, Диого Дало и Џошува Зиркзе ќе бидат во конкуренција за настап во финалето.
Тотенхем играл во финалето на Купот на УЕФА три пати во минатото, двапати победил (1972, 1984) и еднаш загубил (1974).
„Тотенхем играше финале во Лигата на шампионите, но трофеј не е освоен од 2008 година. Освојувањето на трофејот, тоа е она што најмногу значи сега“, заклучи тренерот Ангелос Постекоглу за кого вечерашното финале ќе биде 100. натпревар на клупата на Тотенхем.
Капитенот и лидер на тимот, Сон ќе биде подготвен за финалето, додека младиот Лукас Бергвал нема да игра поради повреда.
Финалниот натпревар ќе се одигра Билбао (Шпанија) на стадионот „Сан Мемес“ со почеток во 21 часот.