Спорт
Јануарски трансфери – Папу, Озил, Кабак, Манџо, Дембеле, Кокорин…

Финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ги погоди несомнено сите фудбалски клубови во светот, големи трансфери минатиот месец немаше, најголемиот дел од преминувањата од еден во друг клуб беа на база на позајмица.
Десетина фудбалски трансфери го одбележаа првиот месец во 2021 година:
Амад Диало – има 18 години и чини 19 милиони фунти, во Манчестер Јунајтед тврдат дека купиле „бисер“. Дојде на „Олд Трафорд“ од италијанска Аталанта.
Себастијан Алер – Трансфер од Вест Хем во Ајакс, доаѓа на местото на Хунтелар (отиде да го спасува Шелке од испаѓање) за дваесетина милиони фунти.
Месут Озил – Заврши сагата во Арсенал, сега е во Фенербахче откако ги „ограби“ во Арсенал со седење на клупа. Ќе му треба време да се врати во форма.
Александер Кокорин – Неодамна беше во затвор, сега се сели во Серија А, во Фиорентина. На негови 29 години првпат прави трансфер надвор од Русија.
Муса Дембеле – Поранешниот играч на Селтик и Лион ќе биде засилување за „јорганџиите“, пред се треба да ја пополни празнината по заминувањето на Диего Коста. Одличен партнер во нападот за Луис Суарез.
Марио Манџукиќ – Повеќе од 6 месеци беше без клуб, се шпекулираше трансфер во Турција, односно Русија, на крај заврши во Милан, ќе се бори за титулата покрај Ибрахимовиќ.
Алехандро Папу Гомез – Доскорешниот капитен на Аталанта се „зајаде“ со тренерот Гасперини и мораше да си оди. За само 6 милиони евра Севилја доби големо засилување.
Доминик Собослај – Повторно соработка на релација Салцбург – Лајпциг, младиот Унгарец го бараа бројни клубови, на крај заврши во Бундеслигата за 18 милиони фунти.
Мартин Одегард – Младиот Норвежанец од Реал на позајмица во Арсенал. Во Сосиедад имаше одлични партии, следен предизвик му е Премиерлигата.
Озан Кабак – Си отиде од Шалке, да ја пополни празнината во одбраната на Јирген Клоп. Оди на позајмица до лето
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Уапсен поранешниот претседател на Барселона

Полицијата претпладнево извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на клубот, меѓу кои е и експретседателот Џосеп Марија Бартомеу.
Според овие извори, рацијата е поврзана со аферата „Барсагејт“. Истрагата е поведена под сомнение дека Бартомеу профитирал од бизнис-зделките што ги правел клубот.
Наводно тој плаќал за на социјалните мрежи да ја рушат репутацијата на одредени поединци. Конкретно, Бартомеу на фирмата 13Ventures ѝ плаќал шестпати повеќе во однос на пазарната вредност.
Поради таа афера, полицијата веќе изврши една рација во јуни минатата година.
Покрај Бартомеу, денес биле уапсени Оскар Грау и Роман Гомес Понти.
Спорт
Петронас Јамаха го претстави новиот мотор

Екипата на Петронас Јамаха го претстави моторот за новата сезона, во Мото ГП шампионатот. Сезонава за Петронас Јамаха ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.
Претстојната сезона ќе биде трета за тимот од Малезија, во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Во односот на претходните две години, измени има во боите, главната боја, тиркизната остана, а на остантиот дел од мотоциклот доминира црната боја.
Минатата сезона, Петронас имаше подобри резултати од фабричката Јамаха. Морбидели и Фабио Квартараро забележаа шест победи. Морбидели го освои второто место во генералниот пласман.
На Морбидели оваа сезона му се приклучи неговиот ментор, легендарниот Валентоно Роси. „Докторот“, прв пат по пауза од 20 години ќе вози за приватен тим.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне од Катар на 28.март.
Спорт
Почина легендарниот фудбалер и тренер Златко Крањчар
Легендарниот хрватски фудбалер и тренер, Златко (Цицо) Крањчар, починал утрово на 65-годишна возраст, објави „Вечерњи лист“. Крањчар, починал по кратка и тешка болест во Клиничкиот болнички центар „Меркур“.
Крањчар како фудбалер во периодот од 1973 до 1991 година настапувал за Динамо Загреб, Рапид Виена и Сенкт Полтен. За овие три тима одиграл 582 натпревара, постигнал 257 гола. Во сезоната 1981/82 со Динамо стана шампион на Југославија.
За репрезентацијата на поранешна Југославија одиграл 11 натпревари, на кои постигнал три гола, а за Хрватска одиграл два натпревара и постигнал еден гол.
По завршувањето на фудбалската, ја почнал тренерската кариера, водел 20 клуба и репрезентации вклучувајќи ги Динамо, Ријека и НК Загреб, со овој тим во 2002 година стана шампион на Хрватска. Бил селектор на Црна Гора и и У23-селекцијата на Иран.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран