Контакт

Спорт

Јапонец ќе го засили Милан

Објавено пред

Милан, откако синоќа обезбеди пласман во Лигата на шампионите, го потврди првото засилување за новата сезона. Нов играч на Милан е Јапонецот Даичи Камада.

dobivaj vesti na viber

Камада (26), на „Сан Сиро“ доаѓа како слободен играч, откако претходно ги одбил понудите на Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид. Јапонецот со Милан ќе потпише пет годишен договор. Годишно ќе заработува три милиони евра.

Сезоната во Ајнтрах, Камада ја заврши со 16 гола и седум асистенции.

Камада може да ги покрие сите позиции во редот за врска, но најпродуктивен е кога игра како полу-шпиц. На таа позиција во Милан игра Шпанецот Брахим Дијаз, но не е сигурно дека тој ќе остане во клубот.

Дијаз е позајмен од Реал Мадрид, Милан сака да го откупи неговиот договор, до нема намера да плати повеќе од 20 милиони евра.

Камада ќе биде вториот Јапонец во историјата на Милан. Во минатото црно-црвениот дрес го носеше Каисуке Хонда.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Франција ја победи Австрија со автоголот на несмасниот Вебер

Објавено пред

Еден од фаворитите за освојување на титулата, репрезентацијата на Франција, не блескаше, но со победа стартуваше на ЕП во Германија.

dobivaj vesti na viber

Триколорите славеа победа од 1:0 (1:0) на арената Меркур Шпил во Диселдорф.

Стрелец на единствениот гол беше Австриецот Максимилијан Вебер, кој ја затресе мрежата на својот тим во 38. минута. Само минута-две откако Австријците имаа одлична шанса преку Баумгартнер. Водство на Австрија спречи голманот Мењан.

Австријците и покрај поразот оставија добар впечаток. Тие пружија силен отпор на Французите, но не успеаја да го избегнат поразот.

Интересно е да се напомене дека Австријците постигнаа гол на секој од претходните 17 натпревари. Последен пат тоа не им успеа во септември 2022 година и тогаш за противник ја имаа Франција.

Двата тима пропуштија неколку одлични можности. Во 55.минута се изрезили Килијан Мбапе. Лесно ја претрча одбраната на Австрија, а кога излезе сам пред голманот го промаши голот.

Интересни информации за статистичарите и за Килијан Мбапе. Тој постигна 12 гола за Франција на големите натпреварувања и сите 12 на Светските првенства. Се уште го чека деби голот на ЕП.

Мбапе се повреди во финишот на натпреварот, според она што можеше да се забележи напаѓачот го скрши носот.

Во второто коло во петок на 21 јуни ќе се сретнат Франција – Холандија и Полска – Австрија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Србија и наредната сезона со два тима во Евролигата

Објавено пред

Евролигата објави 18 екипи кои ќе бидат учесници во Евролигата за следната сезона.

dobivaj vesti na viber

Српските клубови Црвена звезда и Партизан ќе играат во Евролигата следната сезона.
Тука е и победникот на Еврокупот, Париз за чие учество често се шпекулираше, а меѓу 18. клуба ја нема Валенсија.

По собранието на клубовите на сопствениците на Евролигата во понеделникот беше официјализирано кои 18 клубови следната сезона ќе се натпреваруваат во елитното натпреварување.

Клубовите кои добија покани за настап, покрај Црвена звезда и Партизан, тоа се Алба и Виртус Болоња ќе треба да платат по милион евра за настап во Евролигата.

Како што стои во соопштението од Евролигата, во сезоната 2024/2025 ќе играат: Алба, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Олимпија Милано, Барселона, Баерн, Фенербахче, Асвел, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал, Виртус и Жалгирис.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) ВАР и Лукаку ја уништија Белгија – Словачка победи во Франкфорт

Објавено пред

Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување од почетокот на Европското првенство. Словаците, во вториот меч во Е групата, на стадионот во Франкфурт, ја победија Белгија со 1:0 (1:0). Единствениот гол го постигна Шранц во седмата минута. Белгициите немаа среќа да останат непоразени, ВАР му поништи два гола на Лукаку.

dobivaj vesti na viber

Белгија во првиот напад имашр голема шанса за гол, акцијата на Доку не успеа да ја заврши Лукаку, кој од седум-осум метри го погоди голманот Дубравка.

Казната за нереализираната шанса експресно ги стигна Белгијците. Дуку погреши пред својот гол, а Шранц го совлада Кастелс. Лукаку до крајот на мечот ќе пропушти уште седум-осум чисти прилики. Два гола му поништи ВАР, првиот поради офсајд, а вториот бидејќи асистентот Опенда на почетокот на акцијата играше со рака.

Голема шанса имаше и Бакајоко во второто полувреме, но по неговиот удар, топката од гол линијата ја исфрли Ханцко.

Словаците сосема заслужено со победа го отворија Европското првенство. Играа храбро и дисциплинирано од првата до последната минута. Блескаше дефанзивната линија на чело со голманот на Њукасл, Дубравка.

Неговиот колега од другата страна на теренот, Кастелс, во неколку наврати се истакна, но тоа не му помогна на неговиот тим на крајот да освои барем еден бод.

Во групата Е Романија сега е во водство по убедливата победа против Украина, три бода има и Словачка.

Во второто коло, на 22 јуни, Белгија игра против Романија, Словачка ден порано ќе игра со Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized6 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија7 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ8 часа

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија12 часа

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија12 часа

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура15 часа

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија15 часа

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија16 часа

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Македонија16 часа

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион17 часа

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија17 часа

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет17 часа

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија1 ден

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија1 ден

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија1 ден

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа1 ден

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа1 ден

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...