Спорт
Јасикевичиус ќе седне на клупата на Барселона

Шарунас Јасикевичиус ќе го напушти Жалгирис и од наредната сезона ќе биде тренер на Барселона, пренесува порталот „Ла Ресистенција де Палау“.
Челниците на Барселона, во вторникот, спогодбено се разделија со тренерот Светислав Пешиќ кој не успеа по шест години пауза да ја врати шпанската круна во Барселона. Барселона во финалето на завршниот турнир во АЦБ лигата загуби од Басконија со 67-69.
Јасикевичиус е поранешен играч на Барселона, во кариерата четири пати ја освоил Евролигата. Од 2016 година го предводеше Жалгирис. Во 2018 година приреди вистинска сензација кога со литванскиот првак успеа да избори пласман на завршниот турнир во Евролигата.
Литванецот со Барселона потпиша три годишен договор, до 30 јуни 2023 година.
?? Sarunas Jasikevicius will coach @FCBbasket for the next three seasons
✍ The club have reached an agreement with the coach through to 30 June, 2023: https://t.co/ez7KJVjDaC
?? #ForçaBarça! pic.twitter.com/Sn4BDj5xVk
— Barça Basket (@FCBbasket) July 2, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.