Спорт
Јоаким Лев пред Англија: Покажавме сјаен менталитет, но сега се игра на испаѓање!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев вели дека не е загрижен што неговата селекција на ЕУРО 2020 во осминафиналето ќе ги одмери силите со Англија. Тој по завршувањето на шампионатот си оди од селекторската позиција.
Пред мечот со „Гордиот Албион“ ги отфрли критиките за играта на „Панцирите“ во „групата на смртта“.
„Не сум загрижен, тоа ќе биде потполно поразличен меч. Унгарија паркираше автобус, сите беа зад топката, влегуваа во секој дуел. Против Англија ќе биде потполно поинаков меч. Тие играат на свој терен, ќе сакаат да напаѓаат, ќе биде отворен меч“ смета Лев.
Германија има само 5 победи во последните 12 натпревари, па селекторот смета дека екипата мора да ја поправи играта и да биде повнимателна, пред се при прекините.
„Не можеме да ги повторуваме грешките, мора да сме подобри. Сјајна вест е дека ќе играме на `Вембли`. Групната фаза е готова и сега мора да сме поконцентрирани, сега се игра на испаѓање, нашите игри досега не беа премногу добри, но ако одиграме како против Португалија, може да сме јак противник“ смета Јоаким Лев.
Мечот против Англија е во среда, од 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.