Спорт
(Видео) Јокиќ и Мареј го одбранија домашниот терен – Денвер води 2:0 против ЛА Лејкерс
Денвер Нагетс славеа победа против Лос Анџелес Лејкерс со 108:103 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција.
Никола Јокиќ го забележа седмиот трипл-дабл во овогодинешниот плеј-оф, но најголемаи засули за победата има Џамал Мареј.
Мареј одигра катастрофални три четвртини, но во четвртата беше брилијантен. Канаѓанецот постигна 23 од своите 37 поени во четвртата четвртина.
Јокиќ натпреварот го заврши со 23 поени, 17 скока и 12 асистенции, а интересно е што не постигна кош во последниот период. Јокиќ три четвртини ги влечеше Нагетс, а потоа во четвртата му ја препушти лидерската улога на Мареј.
Џамал погоди речиси се, а Денвер успеа да го скрши отпорот на Лејкерси кои три четвртини беа подобриот тим на теренот. Во втората четвртина Лејкерси имаа и двоцифрена предност (42:52)
Кај Лејкерси, Ривс и Џејмс постигнаа по 22 поени, Хачимура 21, а Дејвис 18, но со очајни 4-15 од поле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ваков меч Мелбурн не видел 14 години – Чилиќ го збриша Алтмаер
Марин Чилиќ (37) го победи Даниел Алтмаер (27) во првото коло на Австралија Опен. Хрватскиот тенисер, 70-ти на АТП ранг-листата, победи со 6:0, 6:0, 7:6 во својот прв натпревар против Германецот, 44-тиот играч во светот.
Ова е прв пат во кариерата на Чилиќ да отвори натпревар од Гренд Слем со два освоени сета со резултат од 6:0. Иако претходно успеа да освои барем два сета со 6:0 на Гренд Слем турнирите, тоа никогаш не беа првите два.
Чилиќ стана и првиот неносител кој ги освоил првите два сета со 6:0 на Гренд Слем турнир по Филип Печнер, кој го направи тоа на Австралија Опен во 2012 година во натпревар против Лукаш Росол.
Чилиќ ќе игра во второто коло од првиот овогодишен Гренд слем против победникот од мечот меѓу, Денис Шаповалов (26) и Јунчаокете Бу (24).
Спорт
(Видео) Барселона падна во Сан Себастијан
Лидерот во шпанската Примера, Барселона, го забележа третиот пораз во првенството. Во Сан Себастијан, во рамките на 20-то коло, Реал Сосиедад ја победи Барселона со 2:1.
Барселона на „Реале арена“, налета на мотивиран противник, чии гол го бранеше одличниот Алекс Ремиро и „против себе“ го имаше ВАР. Два гола и беа поништени на Барселона поради офсајд во првиот дел.
Сосиедад знаеше да казни, во 32-та минута, по асистенција на поранешниот играч на Барселона, Гонзало Гедеш, Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Џоан Гарсија.
Израмнувањето дојде во 70-та минута, кога Маркус Рашфорд, по додавање од Дани Олмо успеа да го совлада Ремиро.
Но, радоста на навивачите на Барселона не траеше долго. Само минута подоцна, Гедеш успеа да постигне гол за 2:1.
Како што се очекуваше, Барселона ја имаше иницијативата до крајот на натпреварот, но обидите на Рашфорд и Јамал не го најдоа патот до мрежата на Сосиедад. Домашниот тим од 88-та минута играше со играч помалку, бидејќи поради остар старт, Карлос Солер доби црвен картон.
По 20 рунди во првенството Барселона има само бод повеќе од Реал, додека Сосиедад стигна до осмото место со 24 бода.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сенегал е шампион на Африка – Брахим Дијаз трагичар, Папе Геј херој
Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување.
Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на Африка. Мароко ќе почека на втората титула, првата ја освои пред 50 години.
Натпреварот со многу интензитет, две добри шанси за Сенегал, во првото и исто толку за Марако, во второто полувреме, на крајот мина во сенка на она што се случуваше во судиското надополнување на времето.
Најпрвин главниот судија му поништи гол на Сенегал во 93.минута, а потоа во 97-та, по интервенција од ВАР собата, Мароко доби пенал.
Сенеглаците лути од одлуката, на повик на селекторот го напуштија теренот, но не сите. Најискусниот и најдобриот Садио Мане не го послуша селекторот. Ги повика соиграчите да се вратат…А откако се вратија, топката ја зеде Брахим Дијаз, се обиде со „паненка“, но ударот беше толку лош, што буквално му ја додаде топата на голманот Менди.
CHAOS AT AFCON🤯
Senegal have a goal disallowed in injury time.
Minutes later Morocco are awarded a penalty.
Senegal players walk off in protest😡Brahim Diaz decides this is the best moment for a Panenka😬
Senegal now lead 1-0 in extra-time
— Balls.ie (@ballsdotie) January 18, 2026
Казната за промашениот пенал стигна во четвртата минута од првото продолжение, кога играчот на Виљареал, Папе Геј, од 15 метри ја закова топката зад грбот на Бону.
Шампионскиот гол можете да го погледнете Овде.
Foto/ EPA

