Спорт
Јокиќ без поддршка, Денвер поразени во неизвесна завршница

Лос Анџелес Клиперс во драматична завршница ги победија Денвер Нагетс со 113:107 и поведоа со 2:1 во полу-финалето на Западот.
Денвер го контролираа мечот се до последната четвртина во која постигнаа само 19 поени, а Џереми Грент во последните три минути три пати промаши отворени шутеви. Неефикасноста на Нагаетс Клиперси ја искористија за да стигнат до вториот триумф во серијата.
Пол Џорџ со 32 поени и Каваи Ленард со 23 поени, 14 скокови и 6 асистенции ги предводеа Клиперс до победата. Кај Денвер играше само Никола Јокиќ (32 поени, 12 скокови, 8 асистенции), потфрли Џамал Мареј кој постигна само 14 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гарначо сака да игра во Премиер лигата и во Лигата на шампионите

Алехандро Гарначо, по завршувањето на сезоната доби јасна порака да бара нов клуб. Младиот Аргентинец има план, сака да остане во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите.:
Ова значи дека неговата желба е да ја продолжи кариерата во еден од петте првопласирани тимови минатата сезона: Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл, плус Тотенхем, кој преку Лигата на Европа избори пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Сепак, „Црвените ѓаволи“ не сакаат да му ја исполнат желбата. Јасно е дека тие не сакаат да ги засилат своите ривали и затоа не се подготвени да го пуштат Гарначо во друг англиски клуб.
На „Олд Трафорд“ посакуваат клуб од Шпанија, Италија или Германија да покаже сериозен интерес за Аргентинецот, поради што наводно ги намалиле своите побарувања.
Сè уште има многу време до крајот на преодниот рок и ќе видиме како на крајот ќе се реши „случајот Гарначо“.
Талентираниот Аргентинец не беше задоволен од својот статус минатата сезона, исто како што Рубен Аморим не беше задоволен од неговите изданиеја на теренот, па по поразот во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем, тие вербално се судрија.
Алехандро Гарначо е еден од петте непосакувани играчи на Јунајтед, на кои клубот не им дозволува да тренираат со остатокот од првиот тим. Покрај Гарначо тука се и Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Ентони и Тирел Маласија.
Досега, само Маркус Рашфорд најде нов клуб, тој ќе ја помине следната сезона на позајмица во Барселона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Пакета ослободен од обвинувањара, Сити повторно ќе се обиде да го ангажира

Сите обвинувања против бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, поради обложување конечно се отфрлени и тој може да продолжи нормално да игра фудбал.
Одлуката требаше да биде донесена во април, но беше одложена до летото. Сега конечно се е завршено, а за Пакета сè уште не е познато каде ќе игра од почетокот на следната сезона.
Токму поради скандалот со обложување, трансферот на Пакета во Манчестер Сити минатата сезона, вреден 80 милиони евра, пропадна.
Сепак, штом „Граѓаните“ ја дознаа одлуката на судот, повторно се активираа. Овој пат, Сити би можел да го добие играчот за двојно помала сума од претходното лето.
Имено, цената за Пакета е преполовена и сега е некаде околу 40 милиони евра. Сити започна кампања, а Вест Хем ќе се бори да го задржи, и покрај тоа што има договор до 2027 година.
Пакета одигра 36 натпревари минатата сезона и постигна пет гола.
Foto/ West Hаm „X“
Спорт
Холанѓанецот Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата награда на Белгија, 13-то коло од овогодинешното првенство во Формула 1.
Холанѓанецот ја оствари својата прва спринт победа годинава со предност од седум и пол десетинки во однос на Оскар Пјастре од Мекларен. Третото место на подиумот го освои другиот возач на британскиот тим, Ландо Норис, кој беше нешто помалку од седум десетинки од секундата зад својот соиграч. Интересно е што спринт трката во Спа е прва во историјата откако Кристијан Хорнер повеќе не беше шеф на тимот во Ред Бул, па Верстапен му донесе триумф на тимот на дебито на Лоран Маки.
Фото: принтскрин