Контакт

Спорт

Јокиќ доминира во Индијанаполис, Дончиќ со Далас обезбеди место во плејофот

Објавено пред

Кошаркарите од Европа ја обележаа ноќта во НБА-лигата, која донесе промени на табелата во Западната конференција. Никола Јокиќ постигна 35, а поранешните соиграчи Лука Дончиќ и Кристапс Прозингис ги предводеа своите тимови со по 35 поени.

dobivaj vesti na viber

Денвер постигнаа 43 поени во првата четвртина против Индијана Пејсерс, во дел од натпреварот имаше предност од 31 поен, на крајот славеше со 125:118.

Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 37 поени, 13 скока и девет асистенции. Актуелниот МВП во првото полувреме не промаши од игра, на крајот заврши со 15 погодици од 19 обиди.

Денвер со овој триумф се искачи на петтото место во Западната конференција.

На табелата напредуваше и Далас Маверикс. Далас е трет на Западот, го искористи поразот на Голден стејт од Финикс Санс 103:107.

Далас победи во Кливленд 120:112. Маверикс во третата четвртина го реши прашањето за конечниот победник. Во овој период од мечот Словенецот постигна 20 од своите 35 поени. Дониќ на крајот имаше и 13 асистенции.

Со оваа победа Маверикс и математички си обезбеди место во плејофот. Претходно тоа го направија Финикс, Мемфис и Мајами.

 

Резултати:

Вашингтон-Орландо 127:110
Бостон-Мајами 98:106
Њујорк-Шарлот 114:125
Торонто-Минесота 125:102
Хјустон-Сакраменто 118:121
Оклахома-Атланта 118:136
Сан Антонио-Мемфис 111:112
Голден стејт-Финикс 103:107
Портланд-Њу Орлеанс 107:117



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барнли и Лидс бараат да се истражат финансиите на Евертон

Објавено пред

Евертон успеа да опстане во Премиерлигата, а борбата за избегнување на последното место кое води во Чемпионшип ќе ја водат Барнли и Лидс. Сепак, овие два клуба решија да водат правна пресметка против тимот од Гудисон, сомневајќи се дека потрошиле повеќе од дозволеното.

dobivaj vesti na viber

Барнли и Лидс побараа од Премиерлигата да ги истражи финансиите на директниот конкурент за опстанок. Посочуваат дека пријавените загуби на Евертон за последните три сезони изнесуваат дури 372 милиони фунти, а според правилата на Премиер лигата за тој период се дозволени 105 милиони фунти.

Евертон пријави загуба од 170 милиони фунти во последните две сезони, но со оправдување дека тоа се случи поради пандемијата на коронавирусот. Посочуваат и дека имале трошоци за новиот стадион и клупската академија, но и за женскиот тим.

Екипата од Гудисон претрпе и голем финансиски удар кога мораше да ги раскине спонзорските договори со компаниите, каде ко-сопственик е Алишер Усманов, бидејќи рускиот милијардер падна под санкциите на Велика Британија поради вооружениот конфликт во Украина.

Овој случај треба да се следи бидејќи можно е да му се одземат бодови на Евертон доколку се докаже дека обвинувањата се вистинити, а тоа би можело значително да влијае на редоследот на табелата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Двајца Бразилци ќе го засилат Јувентус

Објавено пред

Јувентус во летниот рок подготвува целосна реконструкција на тимот. Лидерите мора да направат таков чекор, откако Јувентус по десет години ја заврши сезоната без освоен трофеј.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Масимилијано Алегри следната сезона нема да го смета Федерико Бернардески, кој ќе го напушти клубот како слободен играч.

Џорџо Киелини ќе стави крај на кариерата, а Паоло Дибала го напушта клубот. Неизвесна е и иднината на Бразилците Данило и Алекс Сандро.

Прашање е дали Алваро Мората ќе остане во Торино. На Шпанецот му истекува двегодишната позајмица од Атлетико Мадрид. Алегри сака да го откупи неговиот договор, но за помала сума од 35.000.000 евра, колку што бараат „јорганџиите“.

Без разлика што ќе се случи со Мората, Јувентус ќе тргне во бизнис со Атлетико. Пред трансфер во редовите на „старата дама“ е левиот бек, Ренан Лоди. За овој трансфер Јувентус ќе треба да издвои меѓу 30 и 35.000.000 евра.

Алегри мерка е уште еден бразилски хор за играчот на Арсенал, Габриел Магаљаеш. Италијанските медиуми тврдат дека преговорите меѓу двете страни се одвиваат добро и дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мерцедес од 1955 година продаден за 135 милиони евра

Објавено пред

Најскапиот автомобил на светот официјално е моделот на „Мерцедес“ од 1955 година. „Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut coupe“ штотуку е продаден за неверојатни 135 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Овој модел е направен во 50 години од минатиот век, а германската компанија потврди дека штотуку стана најскапиот автомобил на светот. Продаден е на затворена аукција во музејот на „Мерцедес“ во Штутгарт.

Зошто е ова најскапиот автомобил во светот? Вкупно се направени само девет примероци од „300 SLR Uhlehnhaut“, од кои само два се кабриолети, а ова е еден од нив. Има сребрена боја, има врата „пеперутка“ и може да развие брзина од 299 километри на час.

Новиот сопственик, чиј идентитет се чува во тајност, се обврза дека најскапиот автомобил на светот ќе остане како експонат во музејот, заедно со уште една копија од купето.

Само повремено со дозвола од управата на музејот ќе може да го вози.

Претходниот рекорд за најскап автомобил во светот го држеше „Ferrari 250 GTO“ од 1963 година, кој беше продаден пред четири години за „само“ 66 милиони евра.

„Мерцедес“ само што го симна од тронот за повеќе од двојно повисока цена.

Погледнете го купето „Uhlenhaut“ во акција.



Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Русија му забрани влез на Бајден: „Властите на САД поттикнуваат русофобија“

Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден. Забраната се однесува и на државниот...

Европа5 часа

Британска министерка: Мора и Молдавија да ја опремиме со модерно оружје, амбициите на Путин не запираат

Лиз Трас, британската министерка за надворешни работи, откри дека Велика Британија започнала разговори со своите меѓународни сојузници за испраќање модерно...

Европа5 часа

Москва ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил,...

Европа6 часа

Северна Кореја петти ден по ред има над 200.000 новозаразени со Ковид-19

Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200.000 новозаразени кои страдаат од треска предизвикана од Ковид-19,...

Европа6 часа

(Видео) Торнадо во Германија, околу 50 лица се повредени

Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега...

Регион7 часа

Лажните дојави за бомби во Србија стигнале од странство, на листата се и земји од Африка

Во последните неколку недели имаше низа извештаи за поставени бомби низ Србија, а и евакуации поради анонимните закани. Српското МВР...

Македонија18 часа

Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година во посета на Македонската православна...

Економија19 часа

Владата го утврди ребалансот на буџетот: „Кратење на непродуктивните трошоци за заштита на стандардот на граѓаните“

Владата на денешната 47. седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2022 година. „Предлогот за ребаланс...

Македонија20 часа

(Видео) Петков бара да се свика Советот за национална безбедност поради преговорите со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална...

Европа20 часа

(Видео) Зеленски објави снимка од проектил кој погоди зграда, загинале 11 лица

11 лица загинале по гранатирањето на местото Лозова во украинскиот регион Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката се...

Македонија1 ден

Пресуда за уривањето на „Космос“: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески три, а Трајковски четири

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани донесоа осудителни пресуди за сите обвинети за случајот познат како „ТНТ“, за уривањето на...

Европа1 ден

(Видео) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да...

Европа1 ден

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на проширувањето на НАТО

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на зајакнувањето на НАТО и очекуваното проширување...

Македонија1 ден

(Видео) Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира...

Македонија1 ден

Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на...

Македонија1 ден

Вархеји ја повика Софија во јуни да даде согласност за старт на преговорите со Скопје

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток...

Македонија1 ден

Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност

Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите...

Европа1 ден

Дипломат на ЕУ: Русија не може да биде запрена, а нема договор за ембаргото на руската нафта и гас

Неуспехот на земјите членки на Европската Унија да се договорат за ембарго на руската нафта покажува дека блокот ги достигнува...

Европа1 ден

(Видео) „Њујорк тајмс“: Имаме докази дека Русите убивале затвореници во Буча

„Њујорк тајмс“ објави нови видеа за кои тврдат дека докажуваат дека руските сили убиле најмалку осум украински затвореници на 4...

Европа1 ден

Шолц: Интеграцијата на Северна Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово е во наш интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе отпатува на Западен Балкан пред состанокот на Европскиот совет следниот месец, носејќи ја...