Спорт
Јокиќ и Јанис во МВП мод – Денвер ги победи Лејкерси, Милвоки славеше против Бруклин
Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Тре Јанг, Џоел Ембид и Бојан Богдановиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Денвер предводен од Јокиќ ги победи ЛА Лејкерси со 110:99. Српскиот центар беше играч на натпреварот со 31 поен, заедно со 13 скока, девет асистенции и четири украдени топки. Брус Браун постигна 18 поени, со пет скока и четири асистенции, а Џамал Мареј постигна 13 поени со шест асистенции.
Во тимот од Лос Анџелес најефикасен беше Ентони Дејвис со 22 поени со 14 скока, пет асистенции и три украдени топки, додека Леброн Џејмс постигна 19 поени и имаше девет асистенции и седум скока.
Лејкерси имаат четири порази во првите четири натпревари и заедно со Орландо и Сакраменто се единствени екипи без победа во лигата.
Со ист резултат 110:99, Милвоки славеше против Бруклин. Адетокумбо предводеше Бакс со дури 43 поени, 14 скока, пет асистенции и три блокади. Тој во вториот дел постигна 34 поени, шутирајќи 13/15 од поле во тој период.
Боби Портис во победата учествуваше со 20 поени и 11 скока, а Џру Холидеј со 15 поени, седум скока и четири асистенции.
Торонто ја победи Филаделфија со 119:109 и го нанесе четвртиот пораз во последните пет натпревари. Репторси ги предводеа Гери Трент со 27 поени и Паскал Сијакам со 20 поени и 13 асистенции. Скоти Барнс придонесе со 16 поени и 10 скока, а О Џи Ануноби со 15 поени.
Во тимот од Филаделфија Џоел Ембиид постигна 31 поен, со пет скока и три асистенции, а Тајрис Макси постигна 31 поен, шест асистенции и пет скока. Џејмс Харден додаде 18 поени, девет асистенции и седум скока.
Атланта на гостински терен го победи Детроит со 118:113. Хокс ги предводеше Тре Јанг со 35 поени (9/21 од поле, 16/17 пенали).
Кај Детроит се истакна Бојан Богдановиќ со 33 поени. Хрватскиот репрезентативец во досегашниот дел од сезоната е играчот со најмногу шутеви за три поени. Сепак, по воведниот триумф Пистонси имаат четири порази во низа.
Резултати:
Кливленд – Орландо 103:92
Њујорк – Шарлот 134:131
Чикаго – Индијана 124:109
Минесота – Спарс 134:122
Јута – Хјустон 109:101
Портланд – Мајами 98:119
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Борусија е во финалето на ЛШ – Хумелс го замолкна Париз
Фудбалерите на Борусија Дортмуд први изборија пласман во финалето на Лаигата на шампиони. „Милионерите“ и во реваншот го совладаа ПСЖ со 1:0. Стрелец на единствениот гол во Париз беше Матс Хумелс во 50.минута. Борусија по пауза ид 11 години е се бори за европската круна. Противник во финалето на „Вембли“ ќе и биде подобриот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
ПСЖ имаше повеќе од играта, напаѓаше во првото полувреме, а во офанзива тргнаа во вториот дел, но Килијан Мбапе и соиграчите немаа доволно спортска среќа. Дури четири пати во второто полувреме ја погодија рамката од голот – двапати стативата и исто толку гредата.
И во првиот натпревар Французите двапати ја погодија стативата (Мбапе и Хакими), но ќе остане запишано дека во 180 минути не успеаја ниту еднаш да го совладаат голманот на Борусија, Кобел.
Стрелец на единствениот гол беше ветеранот Матс Хумелс во 50. минута. Јулијан Бранд одлично изведе корнер, а искусниот дефанзивец со глава го совлада Џиџи Донарума.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).