Спорт
Јокиќ и Мареј го урна шампионот, Дончиќ блескаше во поразот на Далас

Денвер Нагетс ја прекинаа победничката низа на Лос Анџелес Лејкерс со убедлвата победа од 122:105. Ова е прв пораз на Лејкерси по серијата од седум победи, а во исто време Денвер победија по серијата од три порази.
Денвер до триумфот го предводеше Никола Јокиќ со трипл-дабл од 23 поени, 16 скока и 10 асистенции. За Јокиќ ова е шестти трипл-дабл оваа сезона, вкупно 53. во кариерата. Најефикасен кај Нагатес со 25 поени беше Џамал Мареј.
Кај Лејкерс се истакна Леброн Џејмс со 22 поени, 10 скока и девет асистенции.
Шампионите кон крајот на вториот период останаа без Ентони Дејвис, кој го напушти теренот поради повредата на Ахиловата тетива.
Портланд, во исклучително драматичен натпревар, победија во Далас 121:118. На Далас не им помогна ниту Лука Дончиќ, кој одигра бирлијантен натпревар, постигна 44 поени на кои придодаде седум скока и девет асистенции. Словенецот во последниот напад не успеа да погоди за три поени и да му обезбеди на својот тим дополнителни пет минути.
Портланд го предводеше Демијан Лилард со 34 поени и 11 асистенции. Лилард, во финишот, постигна седум од деветте поени на својот тим.
Резултати:
Шарлот-Сан Антонио 110:122
Детроит-Њу Орлеанс 123:112
Торонто-Минесота 112:116
Оклахома-Милвоки 114:109
Финикс-Орландо 109:90
ЛА Клиперс-Кливленд 128:111
Сакраменто-Мемфис 110:124.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона победи во Севилја

Барселона ја победи Севилја на „Санчез Писхуан“ со 2.0, во дербито на 25.коло. Со овој триумф, Барселона се искачи на второто место на табелата, со два бода помалку и два натпревари повеќе од лидерот Атлетико Мадрид.
Лионел Меси, на кого судијата Хернандез Хернадез му „прогледа низ прсти“ и не во 44.минута не му го покажа вториот жолт картон, и пресуди на Севилја со асистенција и гол.
Првиот гол против индиспонираната Севилја го постигна Усман Дембеле во 29.минута. Конечниот резултат го постави Меси во 86.минута. Аргентинецот го постигна 19 гол во Ла Лига оваа сезона.
Спорт
Домаќините немилосрдни во Бундес лигата

Домаќините не им препуштија ниту еден бод на гостите во првите четири натпревари, одиграни во рамките на 23.коло во Бундес лигата. „Птерди“ во головите на Келн и Шалке, пукнаа Баерн Минхен и Штутгарт, Борусија Дортмунд за едно полувреме ја прегази Арминија Билефелд, а Волфсбург, со играч помалку, ја победи Херта.
Баерн без проблеми се справи со Келн. По два гола постигаа Левандовски и Гнабри, а еден Чупо Мотинг, во победата од 5:1. Тунижанецот Скири беше стрелец на единствениот гол за Келн.
Штутгарт одиграа ефикасен натпревар против отпишаниот Шалке. Ендо ги постигна првите два гола за „швабите“, а потоа погодија и Калјџиќ, Клеман и Дидави. Стрелец за Шалке беше Колашинац, а Белараби промаши пенал.
Борусија Дортмунд, во второто полувреме ги постигна трите гола со кои ја победи Арминија. Дахуд, Санчо од пенал и играчот на Реал кој е позајмен во Дортмунд, Рениер беа стрелци.
Волфсбург со авто-голот на Клингер и голот на Лакроа ја победи Херта.
Спорт
Гвардиола победи 200.пат како тренер на Сити и 500. пат во кариерата

Манчестер сити го совлада Вест Хем со 2:1, а Пеп Гвардиола забележа три јубилеји. Сити ја забележаа 20 последовна победа, а Гвардиола ја запиша 200 победа како тренер на овој клуб и 500 победа во кариерата.
Сити маршираат кон шампионската титула, на врвот, со натпревар повеќе имаат 13 бода повеќе од Манчестер јунајтед и Лестер.
„Беше ова тежок натпревар, Вест Хем се физички силни. По 10-15 минути ни стана јасно дека нема да биде лесно. Во вториот дел бевме подобри. Но кога играте многу натпревари, нормално е некогаш да биде вака. Имавме среќа што победивме. Математиката ќе биде најважна на крајот од сезоната“, рекол Гвардиола.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер