Спорт
Јокиќ не може сам – Денвер пред елиминација
Една победа ги дели кошаркарите на Финикс Санс од пласм во финалето, во Западната конференција. Финикс водат во серијата против Денвер Нагетс со 3-0. Третата победа ја забележаа на теренот на противникот со 116:102.
Пред почетокот на натпреварот на Никола Јокиќ му беше врачен трофејот за МВП на лигата. За Србинот тоа беше доволна инспирација, мечот го заврши со 32 поени, 20 скокови, 10 асистенции и една блокада, меѓутоа не доби поддршка од соиграчие. Најблиску до Јокиќ беше Монте Морис кој постигна 21 поен, Мајкл Портер јуниор уфрли поен помалку.
The MVP is crowned in front of Nuggets Nation.
History has been made. #MileHighBasketball pic.twitter.com/OSgNECnN9Q
— Denver Nuggets (@nuggets) June 12, 2021
На спротивната страна Девин Букер беше најефикасен со 28 поени, поен помалку реализираше ветеранот Крис Пол.
Четвртиот меч повторно се игра во Денвер. Нагетс ќе се обидат да избегнат „метла“, но имаат тешка задача да ја добијат серијата. Ниту еден тим во историјата на НБА не усеал да победи откако бил поразен во воведните три меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блатер ги советува навивачите да не одат во Америка
Сеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА, ја изрази својата поддршка за идејата навивачите да не патуваат во Соединетите Држави за време на Светското првенство во 2026 година (11 јуни – 19 јули) од безбедносни причини.
„Имам само еден совет за навивачите: избегнувајте ги Соединетите Држави. Постојат работи што со право го доведуваат во прашање домаќинството на ова Светско првенство“, напиша поранешниот шеф на Меѓународната фудбалска федерација (1998-2015), додавајќи:
„Она што го гледаме во Соединетите Држави, маргинализација на политичките противници, злоупотреби од страна на имиграциските служби итн. – тешко дека ги охрабрува навивачите да одат таму“.
Швајцарскиот адвокат Марк Пит, експерт за борба против корупцијата ангажиран од Блатер помеѓу 2011 и 2014 година за да предложи реформи на ФИФА, беше уште поексплицитен.
„Навивачи, избегнувајте ги Соединетите Држави. Сигурно ќе имате подобар поглед на телевизија. По пристигнувањето, навивачите треба да очекуваат дека ако не се однесуваат правилно со властите, веднаш ќе бидат испратени дома. Ако имаат среќа…“ рече Пит.
Блатер, гласен критичар на Џани Инфантино, сегашниот претседател на ФИФА, беше негов претходник до 2015 година и неговата оставка, која следеше по низа скандали.
Обвинет за измама, меѓу другото, Блатер, заедно со Мишел Платини, конечно беше ослободен во 2025 година од страна на швајцарските судови.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.
Спорт
Зверев е првиот полуфиналист на АО
Германскиот тенисер Александар Зверев, поголеми проблеми го победи Лернер Тиен и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен.
Зверев го победи Тиен со 3-1 во сетови (6:3, 6:7, 6:1, 7:6).
Мечот траеше три часа и 13 минути, а во полуфиналето Зверев ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз – Алекс Де Минор.
Првиот сет го решија два гема, шестиот и седмиот, во кои Зверев искористи една од своите две брејк топки, а Тиен не ја искористи својата.
Серверите беа исклучително сигурни во вториот сет, кој на крајот му припадна на Американецот. Во третиот Зверев доминираше, експресно ја врати предноста.
Тај-брејк се играше во четвртиот сет.
Зверев спаси сет-топката на 5:6, а потоа поведе со 6:0 во тај-брејкот и не долго потоа мирно го приведе натпреварот кон крајот за негово трето последователно полуфинале на Австралија Опен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шоутајм на Дончиќ во Чикаго
Лос Анџелес Лејкерс победија во Чикаго, благодарение на извонредната игра на Лука Дончиќ. Конечниот резултат во Јунајтед Центарот беше 118:129 (31:35, 25:34, 33:35, 29:25).
Освен 27-годишникот од Љубљана, само Коби Брајант забележа повеќе од 45 поени, двоцифрен број асистенции и повеќе од пет тројки на еден натпревар во дресот на Лејкерси.
Броевите на Дончиќ беа следниве – 46 поени, седум скока, 11 асистенции. Него го испрати Леброн Џејмс со 24 поени, пет скока и три асистенции, а Јапонецот Руи Хачимура имаше само еден поен помалку.
Кај Чикаго се истакна Коби Вајт со 23 поени, пет скока и шест асистенции, а Никола Вучевиќ, имаше дабл-дабл со 18 поени и 11 скока, како и пет асистенции.
Резултати:
Атланта – Индијана 132:116
/Мекалум 23 – Сијакам 26/
Шарлот – Филаделфија 130:93
/Милер 30 – Мекејн 16/
Кливленд – Орландо 114:98
/Мичел 45 – Банкеро 37/
Хјустон – Мемфис 108:99
/Дурент 33, Шенгун 33 – Алдама 17/
Бостон – Портланд 102:94
/Причард 23 – Грант 19/
Минесота – Голден Стејт 108:83
/Рандл 18, Гобер 15, 17ск – Пост 13/
Foto/ depositphotos

