Спорт
Јокиќ недоволен за Денвер, Филаделфија убедлива против Торонто

Голден Стејт, Јута, Филаделфија и Минесота остварија победи на стартот на НБА плејофот потврдувајќи ја својата фаворитска улога.
Денвер нагетс, и покрај одличната партија на актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ, кој заврши со 25 поени 10 скока и 6 систенции загуби убедливо со 123:107 од Голден Стејт вориорс. Од другата страна Џордан Пул им даде 30 поени на Нагетс, 19 додаде Клеј Томпсон, а по 16 имаа Ендру Вигинс и Стеф Кари. Освен првата четвртина, која беше израмнета, Вориорс беа доминантни.
Далас маверикс, без повредениот Лука Дончиќ, пружи одличен отпор против фаворитите Јута, но на крајот загуби со 99:93. Мичел со 32 поени беше најдобар за гостите, Бојан Богдановиќ додаде 26, додека за Далас најдобар беше Брансон со 24 поени.
Минесота, пак, со 130:117 ги победи Мемфис гризлис предводени од Ентони Едвардс, кој во својот прв меч во пејофот имаше 36 поени, а одличен беше и Карл-Ентони Таунз со 29 поени и 13 скока.
Филаделфија и покрај слабата партија на Ембид, имаше убедлива 131:111 победа над Торонто, откако Макси уфрли 38 поени, Херис додаде 26, а Џејмс Харден имаше 22 поени и дури 14 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

„Кралот“ на Ролан Гарос, 13-кратниот шампион Рафаел Надал се пласираше во третото коло на францускиот гренд слем, откако во вечерната сесија во Париз со 6:3/6:1/6:4 за два часа и 12 минути го совлада домашниот тенисер, Корентин Муте.
Надал, кој оваа сезона не освои ниту еден турнир на неговата омилена подлога, се мачеше со повреди на стапалото и на грбот во текот на пролетната сезона, но тоа не го мачеше во дуелот против Муте, остварувајќи рутинска победа, во која проблем беше само последниот сет, кога во финишот Муте направи брејк.
Следен за Шпанецот е Холанѓанецот Ботик ван Цандшлуп, светскиот број 29., кој влезе во третото коло откако Фабио Фоњини се повлече при 6:4/7:6(2)/3:2 водство на противникот.
Спорт
Рома и Мурињо кренаа европска титула – во Тирана „падна“ Феенорд

Жозе Мурињо стигна до својата петта европска титула, откако неговите Рома стигнаа до 1:0 победа над Феенорд во финалето на новата Конференциска лига на Европа, обезбедувајќи прв трофеј во витрините на „волчицата“ од тој од Копа Италија во 2008 година.
Мурињо со ова дефинтивно ги оправда очекувањата на страствените навивачи на клубот од италијанската престолнина, и покажа дека е „експерт“ за европските купови. По титулите од Лигата на шампионите со Порто (2004) и Интер (2010), УЕФА купот со Порто (2002) и Лига Европа со Манчестер јунајтед (2017), ова е уште едно големо достигнување на „Специјалниот“.
Херој на „волчицата“ беше Николо Заниоло, кој во 32. минута од мечот по одличната асистенција на Џанлука Манчини успеа да постигне убав гол. По ова, Феенорд може да жали што на почетокот на второто полувреме не успеа да израмни, за што е најзаслужен Руи Патрисио на голот на Рома, кој имаше две одлични одбрани.
Ова е прв европски успех на Рома во 94-годишната историја на клубот, додека Феенорд не успеаја да стигнат до четврти европски трофеј по титулите во ЛШ (1970) и УЕФА купот (1974, 2002).
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Спорт
Фантастична победа над БиХ на стартот на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација имаше совршен старт на новата сезона во Европската сребрена лига, откако со доминантна игра стигнаа до 3:0 (25:16, 25:17, 25:23) победа на Босна и Херцеговина.
Во првиот сет, гостите успеваа да останат во игра до 11:8, пред со две добри серии да се обезбеди сетот со 25:16. Одличниот старт продолжи и во вториот сет, каде што македонските одбојкари поведоа со 7:1, па со 18:12, контролирајќи ја играта. Само во последниот сет беше ирамнето, откако гостите има водство од 9:10, пред во неизвесен финиш да се обезбеди победата.
Претходно, вчера, во првиот меч од нашата група Б, Романија со 3:1 ја совлада Албанија. Следниот меч за македонските одбојкари е во сабота на гости токму кај Романија.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк