Спорт
Јулијан Нагелсман, германскиот супер тактичар, кој е помлад од Роналдо и Меси
Атлетико Мадрид мора да оди на „Енфилд“ за да направи чудо, да биде аутсајдер пред големите мечеви, но кога е фаворит, тогаш потфрла, особено кога против себе го има најталентираниот млад тренер на светот, Јулијан Нагелсман, вели популарниот шпански весник „Марка“ посочувајќи дека победата на РБ Лајпциг покажува зошто Реал детаљно ја следи кариерата на Нагелсман.
Според процената на „Марка“, 33-годишниот Нагелсман убаво го проучил системот на Диего Симеоне и неговиот цврст тим на Атлетико и детаљно го демонтирал. Кога мечот заврши, Германецот знаел дека кога сака, може да пристигне на „Бернабеу“ доколку Зинедин Зидан реши да замине.
„Марка“ вели дека иако РБ Лајпциг е мултинационален тим, Нагелсман ги тера да играат со типична германска арогантност, каква што во минатото ги ограби Јохан Кројф, Лионел Меси и Диего Марадона од светските титули.

И кој точно е Јулијан Нагелсман, најмладиот тренер кој стигнал до полуфинале на ЛШ, кој со своите 33 години е помлад од активните фудбалери, како Лионел Меси и Кристијано Роналдо?
Нагелсман е роден во Ландсберг ам Лех, мало гратче во Баварија во близината на Аугзбург, на 23 јули 1987 година и фудбалот му е во крвта од мали нозе. Тој играше како централен бек во академиите на Аугзбург и 1860 Минхен и во резервните состави на двата тима, но ја прекрати кариерата на 20 години поради постојани повреди на коленото.
Потоа тој решил да студира бизнис, но по само четири семестри, се префрлил на спортска наука и тренинг завршувајќи ги студиите како втор најдобар студент. Тој кратко работеше под Томас Тухел, неговиот следен противник во полуфиналето како тренер на ПСЖ, пред да се пресели во Хофенхајм како асистент на Тим Визе во 2012/13.
Следната година беше префрлен во У19-тимот на Хофенхајм освојувајќи ја младинската титула пред во февруари 2016 да биде претставен во првиот тим. Тој стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата со 28 години. Хофенхајм беше на 17. место на табелата со седум поени зад зоната за испаѓање за на крајот да избегне испаѓање за еден поен.
Во 2016/2017 тој го крена Хофенхајм до четвртото место и до квалификациите за Лигата на шампионите. По уште една успешна сезона, Ред бул го донесе Нагелсман во Лајпциг.

И покрај годините, Нагелсман се смета за еден од најдобро поткованите тактички тренери на светот. Тој ги именува Пеп Гвардиола, Арсен Венгер и, секако, Жозе Мурињо како свои инспирации, иако признава дека Тухел имал клучна улога на почетокот на неговата кариера во Аугзбург.
Неговиот систем не е ригиден, туку е приспособлив како против Атлетико кога со контрола на топката ја сруши силната одбрана на „рохибланкос“, а во дуелите со Баерн Минхен ги оставаше нив да ја имаат контролата и напаѓаше со контранапади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

