Спорт
Јунајтед го продаде за 3, сега сака да го врати, ама сега вреди 80 милиони евра
Вилфред Заха стигна во Манчестер jунајтед во 2013 година од тимот на Кристал Палас за 11 милиони евра. По две години со одиграни само два меча за „ѓаволите“ Заха се врати во Кристал Палас за 3 милиони евра.
Управата на „ѓаволите“ е свесна дека погрешила со офанзивниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, па сега повторно го сака на „Олд Трафорд“. Но сега цената му е 80 милиони евра. 26-годишниот фудбалер сезонава постигна 9 гола, а имаше и 8 асистенции.
„Мирор“ пишува дека за него се заинтересирани и Тотенхем, Арсенал, но и ПСЖ, но „спарси“ сметаа дека цената му е превисока.
„Ако цената падне на 50-60 милиони евра, Тотенхем би се вратил во трката“ – велат од лондонскиот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Асенсио се сели во Премиер лигата
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Марко Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во Англија.
Бројни извори денеска јавуваат дека Асенсио е заинтересиран да се пресели во Астон Вила. Менаџеорт Унаи Емери му се јавил за да го убеди да се пресели на Вила Парк.
Преговорите се уште се во тек, но се очекува Астон Вила да го засили притисокот откако ќе се официјализира преселбата на Џон Дуран во Ал Наср.
Се очекува Астон Вила да инкасира околу 80 милиони евра за Колумбиецот и дел од парите да инвестира во Асенсио.
Се споменуваше и Жоао Феликс, кој е не е среќен во Челзи, а сега покрај него во плановите е и Марко Асенсио.
За потсетување, Марко Асенсио во ПСЖ пристигна како слободен играч во 2023 година, откако му истече договорот со Реал Мадрид. Но, не може да се каже дека ги исполни очекувањата, особено под водство на Луис Енрике. За ПСЖ има само 47 настапи, со седум гола и 11 асистенции. Сезонава одигра 16 натпревари, постигна два гола и забележа четири асистенции.
Спорт
Паоло Фонсека го презеде Лион
Пет дена по отказот на Пјер Саж, Олимпик Лион официјално објави дека е ангажиран нов тренер.
Како што беше најавено на денот кога Саж доби отказ, нов тренер е Пауло Фонсека.
Лион во петокот потврди дека постигнал договор со Фонсека, која потпиша договор до 30. јули 2027 година.
Олимпик моментално е шести на табелата со 30 бодови од 19 натпревари и моментално е на четири бода од третото место.
Фонсека во својата кариера го водеше Лил од 2022 до 2024 година, од каде се пресели во Милан. На „Сан Сиро“ се задржа до крајот на декември минатата година кога доби отказ.
Фонсека ќе дебитира во недела кога неговиот нов тим ќе гостува кај Марсеј.
Спорт
Лука Јовиќ сепак ќе остане во Милан
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ ќе остане во Милан до крајот на сезоната, открија италијанските медиуми.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави дека Монако и Монца, односно Спартак Москва покажале интерес за 27-годишен напаѓач, но нивните понуди биле одбиени.
Тренерот на „росонерите“ Серж Консеисао во разговор со српскиот фудбалер истакнал дека е задоволен од она што го покажува на тренинзите и му ветил шанса во остатокот од сезоната.
Јовиќ е член на тимот на Милан од септември 2023 година, а неговиот договор истекува на 30 јуни годинава.