Спорт
Јунајтед го пушти Рашфорд порано во академијата поради сиромаштијата

Маркус Рашфорд откри дека Манчестер јунајтед му дозволил да ѝ се приклучи на славната академија една година предвреме кога мајка му ги објаснила тешките услови во кои растел тој.
Рашфорд во текот на пандемијата на коронавирусот ѝ помогна на добротворната организација „Фер шер“ да подели 3 милиони оброци на сиромашни деца во Велика Британија и во неделата прати отворено писмо до владата да не се сопре програмата со ваучери за храна, со кои досега се гарантира дека децата ќе добиваат храна додека училиштата се затворени.
Во ова писмо Рашфорд ја објасни својата економска ситуација како дете и како Јунајтед му дозволил да влезе во академијата на 11 наместо на 12 години.
„Мојата мајка ме израсна како самохран родител и имаше пет деца, кои живееја со неа. Програмата што ја почнав на 11 години требаше да почне од 12 и со неа добив сместување поблиску до тренинг-центарот и ново училиште. Морав да јадам исправно, да бидам поблиску до соиграчите. Затоа почнав порано во академијата за да ѝ помогнам на мојата мајка со ситуацијата во која бевме. Мојата мајка се трудеше, одевме во продавница, која се викаше ’Свет за фунта’, каде што сè чинеше под една фунта. Ќе нарачавме седум јогурти и секој ден имавме по еден. Има семејства што се како моето, кои имаат четири или пет деца и кои немаат контрола. Не се работи за политика, туку за хуманост“, вели Рашфорд.
An Open Letter to all MPs in Parliament…#maketheUturn
Please retweet and tag your local MPs pic.twitter.com/GXuUxFJdcv
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) June 14, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL