Спорт
Јунајтед ја одбиле Севилја – Марсијал ќе остане на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед ја одбиле Севилја за Ентони Марсијал. Севилја имаше намера да го позајми францускиот напаѓач до крајот на сезоната. Јунајтед беа подготвени да го пуштат незадоволниот Марсијал, но не успеаја да ги договорат условите со спортскиот директор на Мончи.
Англиските медиуми го открија планот на Севилја, кој веднаш бил одбиен. Во Севилја сакале Марсијал да игра за нив, а да плаќаат 50 отсто од неговата плата, планот им бил останатите 50 отсто да останат обврска на Јунајтед.
Марсијал неделно заработува 200.000 фунти, односно околу 7.000.000 фунти.
Откако на Мончи му пропадна зделката со Марсијал, тој сега има намера да тропне на врата на Тотенхем. Севилја се заинтересирани за Холанѓанецот Стивен Бергвајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Парти инсистира дека е невин по обвиненијата за силување

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад.
Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени.
Парти во тоа време беше член на Арсенал, а веќе една година англиските медиуми пишуваат за овој случај.
„Топџиите“ не го продолжија договорот со 32-годишникот, па тој го напушти клубот како слободен агент и се пресели во Шпанија со одобрение на судот.
Според условите што ги постави судот, Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени, мора да пријави каква било промена на адресата во полиција и мора редовно да одговара на судските покани за сослушувања. Следното е закажано за 2 октомври.
Фудбалерот ги негира сите обвинувања.
Парти синоќа играше за Виљареал, против Тотенхем во првиот натпревар од Лигата на шампионите, на тереното влезе во 78-та минута, но не можеше да го спречи поразот на „Жолтата подморница“.
Парти е роден во 1993 година во Гана, а на 19-годишна возраст дојде во шпански Леганес. Набрзо се пресели во Атлетико Мадрид, во чиј прв тим беше од 2015 до 2020 година, исклучувајќи ги позајмувањата во Мајорка и Алмерија.
Тој беше член на Арсенал од летото 2020 година, кога клубот за неговиот трансфер на Атлетико му плати 50 милиони евра.
Foto/ EPA
Спорт
Јамал ќе го пропушти натпреварот во Њукасл

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, ќе го пропушти натпреварот на Барселона против Њукасл јунајтед во Лигата на шампионите во четврток на „Сент Џејмс Парк“ поради повреда на препоните, објави шпанскиот клуб.
Јамал се повреди додека играше за националниот тим, а тренерот на Барселона, Ханси Флик, жестоко го критикуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, дека во репрезентацијата не се грижеле за 18-годишникот, кој ја пропушти и победата во Ла Лига против Валенсија викендот.
Јамал постигна два гола и имаше три асистенции во три натпревари одиграни за Барселона оваа сезона.
Клубот објави дека, покрај Јамал, не можат да сметаат на Алехандро Балде и Гави, како и на Марк-Андре тер Штеген, но ќе го имаат на располагање Френки де Јонг.
Барса беше елиминирана во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, додека Њукасл се врати во Лигата на шампионите откако не успеа да се квалификува за натпреварувањето минатата сезона.
Спорт
Реал без Трент најмалку шест недели

Трент Александер-Арнолд (26), десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија, синоќа го напушти натпреварот веќе во петтата минута од натпреварот од Лигата на шампионите против Марсеј.
Реал победи со 2:1, но на најмалку шест недели го загубија играчот кого го доведоа како слободен агент ова лето.
Трент го повреди мускул, бицепс на левата нога, и нема да игра најмалку месец и пол, а можеби и подолго. Во тој период, Реал ќе одигра голем број важни натпревари против своите најголеми ривали во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Оваа сезона, тој играше во сите пет натпревари на Реал, три пати како играч на првиот тим, а двапати влезе од клупата. Оваа сезона, Александар-Арнолд и Дани Карвахал ја покриваат позицијата десен бек за Реал.
Натпревари на Реал Мадрид кои ќе ги пропушти Александар-Арнолд:
Еспањол
Леванте
Атлетико Мадрид
Каират
Виљареал
Хетафе
Јувентус
Барселона
Валенсија (можеби)
Ливерпул (можеби)
Foto/ EPA