Спорт
Јунајтед, Ливерпул и Челси ќе „штедат“, ништо од големите трансфери ова лето?

Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси ќе го ограничат трошењето во текот на летниот преоден рок поради пандемијата на корона вирусот, со што многу од очекуваните трансфери, како тој на Џејдон Санчо проценет на над 100 милиони фунти, нема да се остварат, тврди британскиот „Дејли мирор“.
Една од најголемите грижи на овие клубови е дека ќе има бурна реакција на огромните суми кои би се плаќале за фудбалерите во време на глобална здравствена, но и економска криза. Најпогодени од ова најверојатно ќе бидат Борусија Дортмунд, кои очекуваа над 100 милиони евра за Санчо.
„Никој не знае каков ќе биде преодниот рок, но сигурно е дека тимовите ќе бидат внимателни. Покрај ова тука е и мислењето дека во последните години фудбалските трансфери ја загубија смислата за реалност со неверојатни суми“, вели анонимен извор од еден од клубовите за „Мирор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дортмунд лесно со Улсан, Мамелоди не успеа да направи сензација против Флуминенсе

Познати се уште двајца учесници во нокаут фазата на Светското клупско првенство, тоа се Борусија Дортмунд и Флуминенсе.
На Дортмунд му беше потребна победа над корејски Улсан за да се пласира во осминафиналето. Германскиот тим успеа да триумфира и да го потврди пласманот во нокаут фазата.
Резултатот 1:0 не го покажува најдобро вистинскиот однос на силите. Натпреварот мина во апсолутна доминација на „милионерите“.
Помладиот од браќата Белингем, му асистираше на Швеѓанецот Свенсон во 36-та минута.
Флуминенсе беше фаворит против јужноафриканскиот Мамелоди, но на теренот изгледаше сосема поинаку, дури и тимот од „Црниот континент“ имаше подобри шанси, речиси успеа да направи изненадување и да се пласира во осминафиналето.
Не успеаја, Флуминенсе издржа во финишот, освои бод за место меѓу најдобрите 16. Четирите бразилски тима се пласираа во осминафиналето: Флуминенсе, Палмеирас, Ботафого и Фламенго.
Спорт
Роналдо останува – ќе игра дури и на 43 години

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср.
Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од останувањето во Саудиска Арабија.
Тој треба да потпише едногодишно или двегодишно продолжување на соработката со клубот, во зависност од тоа што играчот претпочита. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека сè уште би играл фудбал професионално на 43 години.
Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално има 938 гола во кариерата и е главната мотивација за него да продолжи да игра 1.000 гола.
Минатата сезона, тој постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.
Тој одигра 221 натпревар и постигна 138 гола за Португалија. Неодамна го освои својот трет трофеј со репрезентацијата, славејќи во финалето на Лигата на нации по втор пат во кариерата.
Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.