Спорт
Јунајтед против Ливерпул без Роналдо

Манчестер јунајтед објави дека Кристијано Роналдо ќе го пропушти вечерашниот натпревар на „Енфилд, против Ливерпул.
Португалецот, вчера објави дека дека починал неговиот новороден син. На среќа се е во ред со девојчето кое го роди неговата девојка Георгина Родригез.
Јасно е дека Роналдо не е подготвен да го игра натпреварот по семејната трагедија.
Напаѓачот на Јунајтед има четири деца, синовите Кристијано и Матео и ќерките Ева и Алана.
Ливероул, вечерва од 21 часот ќе го пречека Манчестер јунајтед.
OFFICIAL: Manchester United have confirmed that Cristiano Ronaldo will not play tonight against Liverpool after the passing of his baby boy.
Our thoughts are with him and his family. ❤️ pic.twitter.com/GofNCFFnfA
— Squawka News (@SquawkaNews) April 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар го освои Тур д’Франс по четврти пат

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 112-то издание на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тут Д’Франс. Словенецот четврти пат во кариера победи на трката околу Франција.
Победник на последната етапа од овогодинешната Тур Д’Франс е Ваут ван Ерт, кој го престигна Погачар на третата раскрсница од последната етапа и беше првиот што помина низ Триумфалната капија во Париз.
Второто место му припадна на Италијанецот Давиде Балерини, додека Словенецот Матеј Мохориќ ја заврши етапата на третото место.
Победникот, Тадеј Погачар, го освои четвртото место во последната етапа. Претходно Погачар победи на тур Д4Франс во 2020, 2021 и 2024 година.
Поради исклучително лошите временски услови, организаторите мораа да ја скратат и последната етапа, но исходот од последната етапа не можеше да влијае на конечниот исход.
Погачар стана втор возач со четири победи на Тур Д ‘Франс, заедно со Крис Фрум. Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернард Хино и Мигел Индуреин победиле пет пати.
💛 Si alguien tenía que robarle la foto para la eternidad a Pogacar de ganar en París vestido de amarillo tenía que ser él.
Qué salvajada de Wout van Aert. En último paso por Montmartre dejó sin respuesta a Tadej.
El ciclismo sonríe por verle a ese nivel pic.twitter.com/SOMYiZPj7x
— Alberto Marcos Gallego (@albermg) July 27, 2025
Спорт
Англичанките ја одбранија европската титула

Женската фудбалска репрезентација на Англија е шампион на Европа. Во големото финале на Европското првенство во Базел, Англија ја победи Шпанија. По 90 минути резултатот беше 1:1. И по 120 минути резултатот беше ист, 1:1, на крајот Англија победи со 3:1 на пенали.
Шпанките ја пропуштија можноста да ја комплетираат „триплетa“, бидејќи ги имаат титулите од Светското првенство и Лигата на нации, додека Англија ѝ се одмазди на Шпанија за поразот во финалето на Светското првенство во Сиднеј од пред две години.
Апсолутен херој на Англија е младата голманка Хана Хемптон, која во одбрани три пенали.
Во историјата влезе и селкторката Сарина Вигман, која е третата во историјата со три последовни титули на Европските првенства. Пред неа, тоа го постигнаа Џеро Бизанц (1989, 1991 и 1995) и Тина Тун (1997, 2001 и 2005) – обете со Германија. Вигман беше европски шампион со Холандија, а сега двапати со Англија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Две лица загинаа на рели

Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција.
Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите.
Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болница. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и е префрлен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, објавија организаторите.
Фото/ Принскрин