Спорт
Јуве потврдија: Рабио на прегледи во Торино

Адриен Рабио пристигна во Торино, каде што во понеделник наутро ќе го помине медицинскиот тест, пред да потпише четиригодишен договор со Јувентус, потврдија и од италијанскиот шампион.
Договорот бил склучен оваа недела, но бјанконерите се решија да почекаат до крајот на договорот на Рабио со Пари Сен-Жермен, кој истекува вечерва во 12 часот. Рабио беше посакуван и од Манчестер јунајтед и од Барселона ,а во Франција се појавија вести дека ПСЖ му понудиле нов договор, но на крајот тој ќе биде соиграч со Кристијано Роналдо во Јуве.
Се верува дека тој ќе добие четиригодишен договор вреден 7 милиони евра, плус 10 милиони бонус за потпишување на договорот.
Се очекува во понеделник Јуве да го потврдат и доаѓањето на капитенот на Ајакс Матијс де Лихт, кој ќе чини 67 милиони евра плус 13 милиони евра во разни бонуси. Лука Пелегрини пак, го комплетираше својот медицински тест денеска, откако дојде со 10 милиони евра плус од Рома во замена за Леонардо Спинацола.
? @Adriien_Rabiiot è arrivato a Torino! pic.twitter.com/mzMDoAIfdd
— JuventusFC (@juventusfc) June 30, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер ја преживеа Монца

Фудбалерите на Интер со многу мака ја совладаа последнопласираната Монца со 3:2, по пресврт, откако гостите неочекувано гостите водеа со 2:0 до 45. минута.
Стрелци на головите по хируршки прецизни напади беа Самуеле Бириндели и Кеита Балде, чии гол е навистина спектакуларен.
Прашање е како ќе завршеше натпреварот доколку ветеранот Марко Арнаутовиќ во првата минута од судиското не го препоплови водството на гостите.
Во вториот дел Чалханоглу изедначи на 2.2 во 64.минута.
Конечно, решавачкиот момент се случи во 77. минута кога Лаутаро Мартинез со глава упати удар топката ја допре Киријакопулос, голманот на Монца спектакуларно одбрани, но тогаш се вклучи ВАР.
Тпката за два сантиметри ја минала гол линијата.
18-та победа на Интер им овозможи утрешниот дена да го пречекаат со четири бода повеќе од Наполи, додека Монца останува закована на дното на табелата со се помалку шанси да избори опстанок.
Спорт
Судијата Мадсен повторно колабираше на теренот
Јеспер Мадсен, еден од најпознатите судии во ракометот, колабирал на натпреварот помеѓу Алборг и Холстебро.
Oва е втор пат за нешто повеќе од две недели Мадсен да губи свест за време на натпревар. Пред нешто повеќе од две недели Мадсен колабираше на натпреварот Веспрем-Спортинг во Лигата на шампионите.
Са разлика од овој натпревар, кога брзата помош на носилки го однесе во болница, Мадсен неколку моменти подоцна се освести.
Сето ова предизвика голема загриженост кај играчите и навивачите.
Како и првиот пат, така и вториот колега Мадс Хансен продолжи да суди сам до крајот на натпреварот.
Големото прашање е дали овој судија ќе може да продолжи да суди.
😯 Moins de 2 semaines avant son premier malaise, l'arbitre 🇩🇰 Jesper Madsen victime d'un deuxième malaise ce soir en plein match de championnat 😰 pic.twitter.com/aw5F2FfifM
— HandNews (@HandNewsfr) March 8, 2025
Спорт
(Видео) Садик ја извлече Валенсија од опасната зона

Во дербито на дното во рамките на 27. коло на Ла Лига, Валенсија на „Местаља“ го совлада Ваљадолид со 2:1.
Доколку Валенсија опстане во елитните редови на шпанскиот фудбал, херој ќе биде позајмениот фудбалер на реал Сосиедад, Умар Садик.
Тој го постигна голот за победа, негов четврти во последните четири натпревари.
Се започна одлично за домаќините бидејќи Диего Лопез донесе водство за Валенсија во седмата минута. Сепак, до полувремето Ваљадолид успеа да израмни. Стрелец беше Латаса во 40. минута.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 58. минута. Баренечеа го пронајде Садик, а нигерискиот напаѓач одлично се снајде и постигна гол за победа.
Валенсија со оваа победа избега од зоната за испаѓање, иако има само бод повеќе од Алавес. Ваљадолид останува заглавен на последното место.
⚽️ GOAL: Umar Sadiq
🇪🇸 Valencia 2-1 Real Valladolidpic.twitter.com/uYIi3FTB4B
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 8, 2025