Спорт
Јуве разгледува три понуди за продажба на Влаховиќ

Душан Влаховиќ по само 18 месеци би можел да го напушти Јувентус. Србинот за сума поголема од 80 милиони евра, од Фиорентина се пресели во Јувантус, во јануари 2022 година.
Италијанските медиуми веќе извесно време пишуваат дека Јувентус е подготвен да го продаде, бидејќи тој е еден од играчите со најголема пазарна вредност.
Италијанскиот менаџер Масимо Брамбати откри дека Јувентус сериозно ќе ги разгледа понудите и дека во овој момент во клубот пристигнале три понуди за Влаховиќ.
„Три клуба покажаа сериозен интерес за Душан Влаховиќ. Според мене, Јувентус ќе ги сфати сериозно, тоа се Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Челзи“, рече тој.
Во исто време, шпанските медиуми го поврзуваат Влаховиќ со Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Болоња и Јувентус ремизираа – Четири тима се борат четвртото место

Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1:1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место.
Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти пат во таа серија, славеше против Фиорентина и остана во игра за пласман во европската елита.
На три кола пред крајот на Серија А, сигурни патници во Лигата на шампионите се Наполи, Интер и најверојатно Аталанта, додека Јувентус (63), Рома (63), Лацио (63) и Болоња (62) ќе се борат за четвртото место.
Во Болоња, во вистинска војна на теренот, Јуве поведе преку Кефрен Тирам во деветтата минута, а израмнувањето го донесе Швајцарецот Ремо Фројлер во 54-тата минута.
Токму стрелецот на голот за домашниот тим во првиот дел од натпреварот беше во центарот на вниманието во ситуација што предизвика контроверзии, кога падна во шеснаесетникот и, се чинеше во тој момент дека ќе има пенал за Болоња.
МекКени го сопна одзади.
Per Marelli di @DAZN_IT è contatto da rigore.
Per @Eurosport_IT idem.#Freuler messo giù da McKennie in area, su un filtrante di Cambiaghi.
Sia il VAR che Doveri lo reputano regolare.
Unico rosso per Piero Campo, collaboratore rossoblù.Che ne pensate? pic.twitter.com/NFyt4Gu0mj
— MEME NAPOLI | Social Talk TV (@memenapoli) May 4, 2025
Сепак, судијата покажа дека нема ништо од најстрогата казна и предизвика бура од негодување кај домашните, поради приговор, еден од помошниците во тренерскиот штаб на Винченцо Италијано беше исклучен… Во второто полувреме, Јувентус беше поблиску до победата.
Нико Гонзалез, Алберто Коста и Камбијасо имаа три добри, последната во 90+6. минута, сепак во првите две ситуации Скорупски беше на висина на задачата, додека во третата Беукема го блокираше ударот и го спаси својот тим.
Спорт
Еден-два за Мекларен во Мајами – Пјастри пред Норис и Расел

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во последните три трки. Доминацијата на Мекларен ја потврди минатогодишниот победник, Ландо Норис, со второто место. Трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес.
Мекларен, а особено Пјастри одо почетокот на сезоната се приказна за себе. Младиот Австралиец, стратуваше од четвртото место, експресно се проби во поредокот, а откако во 12 круг го мина лидерот Ферстапен, рутински дојде до победата.
Низ поредкот мораше да се пробива и Норис, откако во првиот свиок, по борбата со Фертсапен падна на петтото место.
Расел, избра различна стратегија од најдобрите, тоа му се испалтеше и заврши на подиумот. Ферстапен, кој стартуваше од пол-позицијата мораше да се задоволи со четвртото место.
Брилијантна трка возеше и Алекс Албон од Вилијамс. На крајот го освои петтото место, пред Кими Антонели, кој поради грешката на механичарите во боксот немаше можност да се бори за подобар пласман.
Зад младиот Италијанец завршија пилотите на Ферари, Леклер и Хамилтон, а бодови освоија и Карлос Саинц во Вилијамс, односно Јуки Цунода во Ред Бул.
Пјастри ја зголеми предноста во генерланиот пласман, има 131 бод, 16 повеќе од Норис и 32 од Ферстапен.
Следната трка во првенството се вози за две недели во Имола.
Спорт
Каспер Руд конечно освои голема титула, победи на Мастерсот во Мадрид

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.
Во финалето во Мадрид, тој го победи британски тенисер Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, резултатот беше 7:5, 3:6, 6:4 за два часа и 29 минути игра.
Тој му го одзеде сервисот на Дрејпер во третиот гем од првиот сет, ја зачува предноста до крајот и поведе во мечот.
Дрејпер играше подобро во вториот сет, направи два брејка во седмиот и деветтиот гем и се избори за решаачки сет.
Во решавачкиот сет, Руд направи брејк во петтиот гем, го задржа водството до крајот и стана првиот Норвежанец кој освоил титула на турнирите од Мастерс серијата.
Тој моментално има 13 АТП титули.
Од понеделник, Руд ќе се искачи на седмото место на АТП листата, а Дрејпер ќе го преземе петтото место од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.