Спорт
Јувентус против Наполи на 17.март
Серија А потврди дека одложениот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи ќе се одигра на 17.март во Торино, со почеток во 17.45 часот.
Овој натпревар предизвика вистинска конфузија во Италија. Првично требаше да се одигра на 4.октомври минатата година, меѓутоа здравствените власти на Неапол им забранија на фудбалерите на Наполи да отпатуваат во Торино.
Серија А неколку дена потоа го регистрираше натпреварот со 3:0 за Јувентус.
Меѓутоа Наполи ја обжалија одлуката, по што Судот пресуди во нивна корист и ја поништи одлуката на Серија А.
Неодамна овие два тима играа во Неапол, победи Наполи со 1:0, со голот на Инсиње од пенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Повеќе би сакал да го откријам новиот Мбапе отколку за успех да потрошам богатство“
Се уште не се знае каде во кој клуб ќе ја продолжи кариерата Килијан Мбапе. Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Според медиумите тој како слободен играч ќе замине во Реал Мадрид.
Доколку Мбапе (25) си замине од ПСЖ, сигурно ќе ја напушти и Франција, каде за клубот од Париз и Монако на 357 натпревари постигна 277 гола со 122 асистенции.
Додека Мбапе не објави каде ќе ја продолжи кариерата, медиумите ќе шпекулираат за неговата иднина. Од богатите клубови интерес за францускиот напаѓач не покажува само Манчестер јунајтед.
Ова го потврди еден од косопствениците на клубот, Сер Џим Ретклиф.
„Мбапе во Манчестер Јунајтед? Повеќе би сакал да го најдам новиот Мбапе отколку да потрошам богатство за да купам успех. Не е многу мудро. Многу е поголем предизвик да се најде новиот Мбапе, следниот Џуд Белингем или Рој Кин”, изјави Ретклиф.
Спорт
Калиниќ, дефинитивно, ја напушта Барселона
Никола Калиниќ дефинитивно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Договорот на крилниот кошаркар истекува на 30 јуни, а челниците на Барса не презеле никакви чекори да го задржат.
Шпанците истакнаа дека 32-годишниот Калиниќ е на мета на многу евролигашки клубови, пред се Црвена звезда.
Во текот на оваа сезона, Калиниќ е еден од најистакнатите играчи на Барселона. Годинава во АЦБ лигата имаше просек од 6,4 поени, 3,4 скока и две асистенции, а во Евролигата има просек од 8,4 поени, 3,9 скока и 2,8 асистенции.
Спорт
Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно
Izvor/ ffm.mk
Македонската репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Напаѓачот на Абердин, смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“, изјави Миовски за интернет страницата на ФФМ и дополни.
„Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.