Спорт
Каков татко-таков син: Новак и Стефан со ист форхенд!

Официјалниот Инстаграм профил на Вимблдон направи интересна споредба на српскиот ас Новак Ѓоковиќ и неговиот седумгодишен син, Стефан, споредувајќи ги нивните форхенд удари.
„Детска игра? Изгледа дека Стефан има добар учител“, коментираа од Вимблдон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нова „нула“ за Ливерпул – Палас однесе поен на „Енфилд“

Ливерпул ќе почека на првата победа во новата сезона од Премиерлигата барем до гостувањето на „Олд Трафорд“, откако иако доминираа во поседот и во обидите кон противничкиот гол, одиграа само 1:1 со Кристал палас, меч одбележан со бизарниот црвен картон на скапото засилување на Јирген Клоп, Дарвин Нуњез.
По првичните 2:2 на гости кај Фулам, на „Енфилд“ се очекуваше многу од првиот домашен меч, но тимот на Патрик Виера се покажа како опасен противник, кој ја користи секоја шанса. По големото промашување на стартот на мечот на Нуњез, гостите стигнаа до водство во 32. минута, кога Вилфрид Заха постигна прекрасен гол користејќи шанса по еден контранапад.
Ливерпул има над 70 отсто од поседот на топката, но веќе во 57. минута останаа со играч помалку откако Уругваецот Нуњез, кој денеска беше бранет од Јирген Клоп кој сметаше дека критиките кон него се прерани, успеа да падне на провокација на Јоаким Андерсен и да добие директен црвен картон за удар со глава.
И покрај тоа што беа со играч помалку, Ливерпул продолжија со доминацијата и во 61. минута тоа резултираше со одличен гол на Луис Дијаз за израмнување. Сепак, до крајот на мечот не успеаја да стигнат до трите поени и влегуваат во дербито со Јунајтед со само два освоени поени.
Спорт
Влаховиќ и Ди Марија за совршен старт на сезоната за Јувентус

Навивачите на Јувентус мораат да бидат задоволни од стартот на новата сезона во Серија А, откако Душан Влаховиќ и Анхел ди Марија блеснаа во нападот за рутинска 3:0 победа над Сасуоло во првото понеделничко коло во италијанската елита.
Ди Марија, кој пристигна како слободен играч од Пари Сен-Жермен, го поздрави „Алијанц стадионот“ во 26. минута со фантастичен гол, за на одмор се отиде со 2:0 предност на домаќините, откако Душан Влаховиќ беше сигурен од белата точка во 43. минута од мечот.
Само што почна второто полувреме, во 51. минута од мечот, Ди Марија му асистираше на Влаховиќ за уште еден гол и потврда на одличниот старт на сезоната за тимот на Макс Алегри.
Спорт
Мората „распука“, Атлетико го „збриша“ Хетафе

Атлетико Мадрид имаше совршено отварање на новата сезона од шпанската Ла лига, стигнувајќи до 3:0 победа во „малото“ мадридско дерби кај Хетафе во режија на Жоао Феликс и посебно, повратникот Алваро Мората, кој постигна два гола.
Феликс уште во 15. минута од мечот го најде Мората на работ на шестнаестникот, и фудбалерот кој две сезони беше позајмен на Јувентус, постигна прекрасен гол за 0:1. Истата комбинација на фудбалери во 59. минута донесе 0:2 водство, за во 75. минута, триумфот на тимот на Диего Симеоне да го потврди замената Антоан Гризман.