Спорт
Канада нема да испрати свои спортисти во Токио

Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Канада соопштија дека нема да испратат свои спортисти доколку оваа година во Токио се одржат Олимписките игри.
Канаѓаните испратиле апел до Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), поради безбедноста на спортистите и општеството, да ги одложи Игрите за наредното лето.
„Ја разбираме комплексноста на целата ситуација, но ништо не може да биде поважно од здравјето на нашите спортисти и светската заедница“, се наведува во дел од соопштението.
ИОК во неделата објави дека одлуката за евентуално откажување или одложување на Игрите ќе ја донесе за еден месец.
Канада е првата држава што донесе ваква драстична, но и логична мерка, бидејќи во светот од коронавирусот се заразени 360.000 луѓе и таа бројка секојдневно се зголемува.
Олимписките игри во Токио на програмата се од 24 јули до 9 август.
Пред четири години на Олимписките игри во Рио де Женеиро Канада настапи со 315 спортисти. Од Бразил тие се вратија со 22 медали (четири златни, три сребрени и 15 бронзени).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.